ЈАВЕН ОГЛАС за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

grb-na-rm

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

 

Врз основа на  член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), и Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година, Министерството за здравство  објавува јавен оглас .

 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови:

 Општи услови

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да се полнолетни
  • Да не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • Завршен Медицински факултет
  • Положен стручен испит
  • Поседување на лиценца за работа

Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите треба да ги достават следните документи во оригинал или копии заверени кај нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Диплома за завршен Медицински факултет или уверение за положени испити од Медицински факултет, при што во документот кој се доставува е потребно да е наведен просечниот успех
  • Уверение за положен стручен испит
  • Лиценца за работа
  • Фотокопија од лична карта
  • Доказ од надлежен орган (Централен регистар на РМ) дека не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност, издаден најмногу шест месеци пред денот на објавување на јавниот оглас.

Кандидати кои завршиле високо образование во странство, потребно е да ги достават и следните документи:

  • Нострифицирана диплома со соодветно образование
  • Документ за еквиваленција на оценките, издаден од Министерство за образование и наука.

*Во пријавата за огласот задолжително да се наведе име и презиме на кандидатот, телефонски број за контакт и e-mail адреса.

Со стекнување на статусот специјализант преку програмата за кофинансирање, здравствениот работник заснова работен однос на определено време со јавната здравствена установа за која се пријавил за специјализација за периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж до полагање на специјалистичкиот испит, при што има право на плата во висина од една просечна месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година и други надоместоци од плата согласно со закон.

По завршувањето на специјализацијата, здравствените работници се вработуваат без објавување на оглас во јавната здравствена установа за која се пријавиле за специјализација.

 Кофинансирана специјализација за доктори на медицина вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година вкупно 100 извршители

Општина Назив на ЈЗУ Назив на специјализација  

Процент на кофинансирање

Вкупно слободни места за специјализација
Куманово ОБ Куманово Урологија 50% 1
ОБ Куманово Гастроентерохепатологија 30% 1
ОБ Куманово Неврологија 30% 1
Велес ОБ Велес Анестезиологија со интензивно лекување 80% 2
ОБ Велес Акушерство и гинекологија 30% 1
ОБ Велес Педијатрија 30% 1
ОБ Велес Трауматологија 30% 1
Штип КБ Штип Анестезиологија со интензивно лекување 80% 2
КБ Штип дерматологија 20% 1
КБ Штип Гастроентерохепатологија 30% 1
КБ Штип Ендокринологија 30% 1
КБ Штип Кардиологија 50% 1
КБ Штип Пулмологија и алергологија 30% 1
КБ Штип Судска медицина 60% 1
КБ Штип Нуклеарна медицина 40% 1
КБ Штип Оториноларингологија 30% 1
КБ Штип Радиотерапија 70% 1
КБ Штип медицинска биохемија 20% 1
Кавадарци ОБ Кавадарци Анестезиологија со интензивно лекување 80% 3
ОБ Кавадарци Акушерство и гинекологија 30% 2
ОБ Кавадарци Педијатрија 30% 1
ОБ Кавадарци Урологија 50% 1
Кичево ОБ Кичево Гастроентерохепатологија 30% 1
Струга ОБ Струга Анестезиологија со интензивно лекување 80% 1
ОБ Струга Неврологија 30% 1
ОБ Струга Педијатрија 30% 1
Струмица ОБ Струмица Анестезиологија со интензивно лекување 80% 2
ОБ Струмица Неврологија 30% 1
ОБ Струмица Општа хирургија 30% 1
ОБ Струмица Дигестивна хирургија 30% 1
ОБ Струмица Урологија 40% 1
ОБ Струмица Гастроентерохепатологија 30% 1
ОБ Струмица Инфективни болести 30% 1
ОБ Струмица Патолошка Анатомија 80% 1
ОБ Струмица Педијатрија 40% 1
ОБ Струмица Радиологија 30% 1
Тетово КБ Тетово Гастроентерохепатологија 30% 1
КБ Тетово Ендокринологија 30% 1
Прилеп ОБ Прилеп Акушерство и гинекологија 70% 1
ОБ Прилеп Педијатрија 50% 1
ОБ Прилеп Гастроентерохепатологија 30% 1
ОБ Прилеп Општа хирургија 30% 1
ОБ Прилеп Урологија 40% 1
ОБ Прилеп Анестезиологија со интензивно лекување 80% 1
Кочани ОБ Кочани Анестезиологија со интензивно лекување 80% 1
ОБ Кочани Акушерство и гинекологија 50% 1
ОБ Кочани Општа хирургија 50% 1
ОБ Кочани Педијатрија 50% 1
ОБ Кочани Радиологија 50% 1
ОБ Кочани Оториноларингологија 50% 1
ОБ Кочани Урологија 60% 1
Охрид ОБ Охрид Педијатрија 30% 1
ОБ Охрид Радиологија 40% 1
Гостивар ОБ Гостивар Гастроентерохепатологија 30% 1
ОБ Гостивар Инфектологија 30% 1
Гевгелија ОБ Гевгелија Интерна медицина 30% 1
ОБ Гевгелија Кардиологија 50% 1
ОБ Гевгелија Инфектологија 30% 1
ОБ Гевгелија Гастроентерохепатологија 30% 1
ОБ Гевгелија Општа хирургија 50% 1
ОБ Гевгелија Анестезиологија со интензивно лекување 80% 2
ОБ Гевгелија Ортопедија 50% 1
ОБ Гевгелија Урологија 60% 1
Скопје ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Анестезиологија со интензивно лекување 70% 20
ЈЗУ УК Детски болести Педијатрија 30% 5
ЈЗУ УИ ПЕТ ценатар Нуклеарна медицина 50% 2
Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина Нуклеарна медицина 50% 3
Вкупно   100
 

                                                                                        


Кофинансирањето важи од моментот на склучување договор за кофинансирана специјализација.
                      

Рокот за пријавување е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на Министерство за здравство или препорачана пратка по пошта на адресата на Министерството за здравство – ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас за запишување кофинансирана специјализација за доктори на медицина вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година “.

Во пријавата задолжително да се нагласи за која специјализација и за која јавна здравствена установа се пријавува кандидатот (кандидатот во една пријава може да се пријави за повеќе јавни здравствени установи).

Селекцијата и изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), а селекција на кандидатите се врши според постигнат просечен успех и испит кој е составен од два дела (стручен тест и познавање на англиски јазик).

  

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар