Објавена монографија на ЦЈЗ Битола-вакцините во Македонија се безбедни и квалитетни

Imunizac foto2 BitolaМинистерството за здравство и Центарот за јавно здравје-Битола денеска ја одбележаа неделата на имунизација со издавање монографија посветена на превентивната здравствена заштита на оваа јавна здрвствена установа.

Во Битола беа одбележани и 100 години јавно здравство и повеќе од 20 години самостојна дејност на Центарот за јавно здравје во овој град.

– Центрите за јавно здравје се носители на превентивната здравствена заштита, а Центарот за јавно здравје-Битола, кој покрива околу 15 отсто од територијата на државата и се грижи за над 190.000 жители со своите активности многу се грижи за подобро здравје на населението, порача Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство.

Таа нагласи дека треба да се верува во здравствениот систем, во фармацевтите, имунолозите, педијатрите, епидемиолозите и додаде оти децата треба да се вакцинираат.

– Вакцините се безбедни и квалитетни, тоа го знаат и здравствените работници кои имаат обврска да го информираат секој заинтересиран родител за вакцината. Вакцините што во овој момент ги употребуваме во Република Македонија се од државите членки на Европската унија и тие се употребуваат за децата и во соодветните држави, потенцира Костовска. Таа ја поздрави одлуката на Центарот за јавно здравје-Битола да издаде монографија за активностите што ги вршеле или вршат од таа здравствена установа.

SAMSUNG

Директорот на Центарот за јавно здравје-Битола, Тони Коњановски, истакна дека во Битола отсекогаш има висока здравствена култура, а потврда за тоа се податоците од реализираната сезонска вакцинација за заштита од грип.

– Ние сме еден од подобрите Центри за јавно здравје во Република Македонија со реализирани над 5.000 вакцини во секоја година, а и редовната вакцинација се реализира со над 90 отсто. Здравствената култура на битолчани е за почит и апелирам родителите да имаат верба во здравствените работници, посочи Коњановски.

На денешната свечност беше промовирана монографија посветена на јавното здравство и Центарот за јавно здравје, чиј автор е Александар Стерјевски. Тој открил дека во 1912 година во Битола била реализирана вакцинација на 9.500 лица заради големи сипаници, а во 1918 година била вршена масовна вакцинација за заштита од тифус и колера во тоа време

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар