Day: август 31, 2017

Жените од Шуто Оризари конечно со гинеколошка амбуланта

Од следна недела почнува со работа гинеколог во амбулантата во Шуто Оризари, со што се решава долгогодишен проблем и се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.   Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се поставени нови табли за ориентација

Во Универзитетскиот клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје се поставени нови табли за ориентација. Новите табли се поставени на три различни јазици, на македонски, на албански и на англиски јазик. Сега сите граѓани без исклучок ќе имаат полесна ориентација во комплексот клиники.