Day: септември 6, 2017

ЖЕНИТЕ ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ ОД ДЕНЕС ДОБИВААТ ГИНЕКОЛОГ

Министерството за здравство информира дека од денес, 6.9.2017, започнува со работа гинекологот во амбулантата во скопската општина Шуто Оризари. Во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.