Day: јануари 25, 2018

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче оствари средба со Н.Е Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија. Фокусот на разговорите беше ставен на продлабочување на заедничката соработка, со цел унапредување на здравствената заштита низ позитивни искуства од земјите од ЕУ.

СРЕДБА СО ПРОФЕСОРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ОД ТУРЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа средба со професори од Универзитетот за медицински науки од Турција на која беше разговарано за можностите за воспоставување партнерство и соработка во областа на едукација и истражување во областа на меицината.