Day: април 16, 2018

СРЕДБА НА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР ВО ЦРНА ГОРА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Црна Гора, Михајло Трпкоски. На средбата стана збор за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји со посебен акцент на размена на искуства за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем.