2019 Е ГОДИНА НА ВОВЕДУВАЊЕ СОВРЕМЕНА ИМУНОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЗА МАЛИГНИТЕ ХЕМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство  доц. д-р Венко Филипче денеска, на прес-конференција на Здружението „Борка за секој нов ден” по повод одбележувањето на септември, месец посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања, истакна дека особено за пациентите кои страдаат  од овие заболувања е многу направено. Пред се обновени се условите за лекување на пациентите, Клиниката за хематологија се реновираше, воведени се повеќе методи за кои пациентите се испраќаа во странство, а заедно со Фондот за здравствено осигурување се изработени и ДРГ кодовите. 

Министерот изјави дека користејќи ја експертизата на нашите лекари, кои имаат големо искуство во третманот на одредени пациенти, новите ДРГ кодови кои се формирани заедно со Фондот за здравство, но и новите лекови кои се обезбедени благодарение на зголемувањето на буџетот, на пациентите им се понудени современи услови за лекување на овие болести.

Тој додаде дека наместо пациентите, кои досега беа испраќани беа испраќани во странство, за интервенции , што беше огромен трошок и малтретирање на пациентите и нивните семејства, сега многу успешно се извршуваат кај нас.

– Го најдовме овој начин за кој сметам дека е многу автентичен дека треба да се инвестира таму каде што е најпотребно, каде што ги имаме врвните експерти да ги користиме сите други начини да ги намалиме трошоците за лекување во странство. Спроведовме групна набавка на биолошка терапија, односно ги обединивме сите буџети на сите јавни здравствени институции кои користеа ваква скапа биолошка терапија со која се лекуваат пациентите со малигни заболувања. Тоа ни овозможи триесет нови лекови за сите онколошки заболувања – за карцином на бели дробови, дојка, терапија за невролошки дегенеративни заболувања, меланоми и други карциноми, кои ги немаше во земјата, а зголемен е и бројот пациенти кои ќе ги примаат и има континуитет во лекувањето. Се надевам дека измените на Законот за здравствено осигурување, кои се во собраниска процедува, наскоро ќе поминат во Влада и ќе се промени и позитивната листа на лекови. И дека со повеќегодишна набавка на овие лекови добиваме и огромна заштеда во милионски суми евра, изјави министерот Филипче .

Претседателката на Здружението „Борка за секој нов ден”, Биба Додева рече дека раната диганостика е клучна за откривање на ракот и дека токму тоа е решението  за излекување. Додаде  дека здравствените власти првпат успеале да обезбедат голем број терапии кои досега не биле достапни за пациентите.

– Се надевам дека системски ќе се реши проширувањето и измената на позитивната листа на лекови. Овој септември е 13-ти по ред, како се обидуваме да говориме на оваа тема. За жал, карциномите не можеме да ги спречиме, но модерната медицина веќе сериозно е решена да им застане на патот на овие заболувања. Ние веруваме дека ако навреме се дијагностицира, може и да се излекуваат некои од хематолошките карциноми.  Без заедничка соработка меѓу здруженијата на пациентите, медиумите, институциите и здравствените работници нема да имаме успех. Само зголемената свесност и точните информации може да не поттикнат сите, да ги препознаеме првите предупредувачки знаци и да направиме ран преглед. Должни сме да ги охрабриме  пациентите и нивните семејства, активно да учествуваат во одлуките за нивниот третман, да бидат информирани за својата болест, но истовремено да им пружиме психосоцијална поддршка, изјави претседателката на НВО Борка, Биба Додева.

Директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска-Ставриди додаде дека бројот на новодијагностицирани пациенти со малигни хематолошки заболувања во државава се зголемува.

-Лани бројот на заболени изнесуваше 495 лица,  а годинава се очекува тој број да биде за 10 до 15 проценти поголем. Од нив 50 отсто ќе имаат лимфом, 30 отсто ќе имаат акутна леукемија, околу 20 отсто ќе имаат миелом, а останатите ќе ги имаат поретките специфични малигни хематолошки заболувања. Најзагрозена група се децата и адолесцентите.  Минатата година беа дијагностицирани 180 пациенти со нехочкинов лимфон, најмногу расте бројот на пациенти со акутна леукемија, чиј број во 2014 година изнесуваше 50, минатата година  91, а само до 30 јуни годинава има 50 новодијагностицирани. Раната дијагностика влијае на исходот на болеста. На Клиниката обезбедивме лекови за групи пациенти за кои досега немаше прволиниска терапија, воведовме нови методи со кои им овозможуваме во европски стандардизирани услови да се лекуваат во нашата земја. Првпат во државава пациентите со хронична миелоична леукемија минатата година ја добија и второлиниската терапија, изјави директорката на Клиниката за хематологија,  д-р Пановска-Ставридис.

 

Сподели на:

Related Posts