АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ КИСЕЛА ВОДА

Во насока на унапредување на условите во Центарот за зависници во Кисела Вода, денеска е спроведена акција за расчистување на медицинскиот отпад околу центарот, организирана од општина Кисела Вода, невладината организација ХОПС – опција за здрав живот, со поддршка од Министерството за здравство.

Во акцијата беа вклучени 30 сезонски работници, како и членови од невладината организација, при што е собран околу 1 тон најразличен медицински отпад.

Сподели на:

Related Posts