АНАСТАСИЈА И ГАБРИЕЛ СЕ ПРВИТЕ РОДЕНИ БЕБИЊА – БЛИЗНАЧИЊА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани, денеска ги посетија родилката и првите родени бебиња – близнаци на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Првпат на Клиниката во новата година имаме раѓање на близнаци. Тоа ќе ја одбележи 2020 година, а се надевам дека таа ќе биде побериќетна и посреќна. Првото од близначињата што се роди во 00.01 часот е девојче, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри, а второто кое се роди во 00.03 часот е машко, тешко 1760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата се родени една недела предвреме, а токму предвремно родените деца се најголемите борци“, рече д-р Викторија Јовановска, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во моментов, бебињата се во одлична здравствена состојба, исто како и мајката Снежана.

„Имаме специфична ситуација досега. Имаме близначиња, брат и сестра, Анастасија и Габриел. Им посакувам многу здравје, многу среќа, среќно детство. На семејството да честитам за најубавиот новогодишен подарок којшто може човек да го добие“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Овој ден денеска е навистина убаво што го почнуваме со новост. А тоа се нови деца, нови бебиња, затоа што тие се иднината на нашата држава.

„Посебно сум среќна што имаме близнаци оваа година и што сите заедно можевме да ја споделиме среќата со родителите. Тие имаат две дечиња и нашата држава има плус две дечиња и тоа само неколку секунди по влегувањето во 2020 година. И уште поважно што сакам да потенцирам е дека првото дете од близначињата е девојче. Јас очекувам 2020 година да биде успешна, позитивна и со женска енергија. Нека им е честито на родителите, нека се живи близначињата, а сите ние живи и здрави заедно“, рече министерката Царовска.

Министерството за здравство континуирано е посветено за унапредување како за условите на Клиниката за гинекологија, така и во другите родилишта низ државата.

„Чинот на раѓање симболизира нов почеток, нов живот и надеж за светла иднина. На родителите им упатувам искрени честитки за приновата во семејството. Во оваа прилика, сакам да истакнам дека Министерството за здравство континуирано е посветено за унапредување како за условите на Клиниката за гинекологија, така и во другите родилишта низ државата, со цел унапредување на здравствената заштита, како за новороденчињата, така и за мајките. Токму во оваа клиника, во одделот за неонатологија обезбедена е најсовремена апаратура од општествено одговорни институции. Се работи за три респираторни машини од најнова генерација за високо фреквентна механичка вентилација за новороденчиња“, изјави заменикот министер за здравство Арслани.

Share This Article :

Related Posts