Author: Daniela Aleksoska

РЕНОВИРАЊЕ НА УРГЕНТИОТ ХИРУРШКИ ЦЕНТАР

Од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека се почнати активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар, што ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца. Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на […]

100 ДЕНА ВЛАДА – НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, ЗАЈАКНАТА ДИЈАГНОСТИКА И БРОЈНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗДРАВСТВОТО И ВО УСЛОВИ НА КОВИД ПАНДЕМИЈА

Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап […]

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА – ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НАПРЕДОКОТ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВАКЦИНИТЕ ЗА ОВОЗМОЖУВАЊЕ КВАЛИТЕТЕН ДОЛГ ЖИВОТ

Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува од 24 до 30 април, 2022 година е поволен момент да размислиме за важноста на вакцинацијата, како еден од темелите на функционален јавно здравствен систем. Оваа година, Европската недела на имунизација  ги истакнува историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на […]

СО КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ДО ГРАЃАНИТЕ

Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за земјава, Ерик Јановски, заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во Општина Врапчиште, една од последните локации на караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19. Караванот завршува во недела, со посетени вкупно 14 градски […]

САЛИ: КРВОДАРУВАЊЕТО Е НАЈВИСОК ЧИН НА АЛТРУИЗАМ, ПОСАКУВАМ СИТЕ ДА ИМАМЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ДА МОЖЕ ДА ДАРУВАМЕ КРВ

Дарувањето крв е највисок чин на алтруизам и тоа е чест само на здравите луѓе. Го организираме крводарувањето во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето и пред почетокот на Светиот месец–Рамазан. Посакувам сите да имаме здравје и да имаме можност за крводарување, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој даруваше крв […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР, ЈУСУФ ХАСАНИ СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ НА ОБУКАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО

– Здравствениот систем не може да функционира ако ги немаме на време обезбедено потребните средства за работа, ако не функционира правилно системот на човечките ресурси, ако нема кој да укаже на правилата кои произлегуваат од прописите кои се однесуваат на здравствената заштита и здравственото осигурување – заради заштита на правата на осигураните лица, на евиденциите […]

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО – МИНАТАТА ГОДИНА СОБРАНИ НАД 53.000 ЕДИНИЦИ КРВ

Со свечен настан денеска беше одбележен Денот на крводарителството и 77 години постоење на Црвениот крст.Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека дека овој настан е одлична можност да се потенцира важноста на крводаритеството како исклучително солидарен и хуман гест. – Токму Црвениот крст е наш постојан партнер во реализирање на активностите за континуирана воспитна […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАПРАВЕНИ ТРИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА КОСКЕНИ ТКИВА

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.  Кај  49-годишен пациент повреден при пад од 13 […]

КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ПОЧНА ОД ШУТО ОРИЗАРИ

Караванот за вакцинација против Ковид-19 почна денеска во Шуто Оризари и во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД. – Продолжуваме со акциите за промоција на […]

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ

 Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните […]