Author: Daniela Aleksoska

МИНИСТЕРОТ, Д-Р ФИЛИПЧЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОТЕСТ ПОД МОТО„СТОП ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ“ – ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ ЗА ДА ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на протест под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ кој се одржа во кругот на Клиничкиот центар. ‘’Почитувани пациенти, ние сме со вас. Секојдневно се грижиме за вашето здравје, но и здравјето на вашите најблиски. Моето присуство на денешниот протест е поддршка, затоа што со насилство […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО БРИСЕЛ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, сопругата на Претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, учествуваат на Глобалниот самит за вакцинација што денеска се одржува во Брисел. Самитот го организира Европската комисија во соработка со Светската здравствена организација, а под заедничко покровителство на претседателот […]

ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА ВИРУСОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА ПРИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ИНФЛУЕНЦА ЦЕНТАР ОД СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при   Институтот за јавно здравје за Национален инфлуенца центар и  рамноправен член на Глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Станува збор за многу […]

ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА ЧАИР Е КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска беше во посета на поликлиника Чаир, каде заедно со директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски го промовираа реновираниот пункт за вакцинација.  Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно следење приоритети, стандарди и упатства на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе […]

ЦЕНТРАЛИЗИРАЊЕ НА ДЕЈНОСТИТЕ ОНКОЛОГИЈА И РАДИОТЕРАПИЈА ЗА ПОГОЛЕМА СТРУЧНОСТ НА РАДИОЛОШКИТЕ ТЕРАПИИ И РАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СРЕДСТВАТА

На 152. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата со иницијатива за соединување–централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип и Клиничката болница Битола, како и низ останатите градови во Републиката. Овој чекор […]

2019 Е ГОДИНА НА ВОВЕДУВАЊЕ СОВРЕМЕНА ИМУНОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЗА МАЛИГНИТЕ ХЕМАТОЛОШКИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство  доц. д-р Венко Филипче денеска, на прес-конференција на Здружението „Борка за секој нов ден” по повод одбележувањето на септември, месец посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања, истакна дека особено за пациентите кои страдаат  од овие заболувања е многу направено. Пред се обновени се условите за лекување на пациентите, Клиниката […]

ОБЕЗБЕДЕНИ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОВИ ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ И ИНСУЛИН

На вчерашната 152. седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои ребалансот на буџетот, со што дополнително се обезбедени средства во висина од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, а истовремено во Фондот за здравствено осигурување се алоцирани 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита. […]

ОПФАТОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА СО МРП ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ИЗНЕСУВА 98%, ИСПОЛНЕТА ПРЕПОРАКАТА НА СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Министерството за здравство информира дека стапката на вакцинација со МРП вакцина во цела држава изнесува 98 проценти. Во градот Скопје изнесува 99%, а во останатиот дел од државата 97%. Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Од нив, во Скопје се вакцинирани 16.732, додека пак, во останатиот дел […]

ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНАТА БОЛНИЦА ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА „ЛЕШОК“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ-Лешок и оствари средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените во оваа здравствена установа, каде се информираа за активностите кои се спроведени во изминатиот период, со цел подобрување на здравствената заштита за сите граѓани.   Со одобрени средства на […]

МОБИЛНАТА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА Е ОДЛИЧНА МЕРКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

Воведувањето на мобилна здравствена услуга во општина Ресен обезбедува основни медицински прегледи и советувања, како и физикална терапија за рехабилитација на лицата кои имаат потреба од нега во одмашни услови. На терен работат два тима професионалци, вклучувајќи социјален работник и физиотерапевт, кои работат заедно со медицински сестри и други негуватели. Тие им даваат примарна грижа […]