Author: Daniela Aleksoska

ОДЛУКА ЗА ИСПЛАТА НА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК НА ДОКТОРИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРИВАТНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА КОНКУРСОТ ВО ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА

Денес се одржа седница на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. На дневен ред беше ставена одлука за исплата на месечен паричен надоместок на докторите запишани на приватна специјализација на конкурсот во јануари 2018 година. Одлуката беше усвоена од страна на Управниот одбор, со што се исполнети формалните услови на оваа група специјализанти да […]

ДЕТСКАТА КЛИНИКА ДОБИ АПАРАТИ ЗА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче  присуствуваше на настан по повод донација на апарати за механичка вентилација во домашни услови на Клиниката за детски болести во Скопје. Со овие апарати, пациентите ќе можат наместо во болница да престојуваат во домашни услови. Станува збор за апарати кои се донација од спортските обложувалници „Моцарт“, а средствата за […]

Oдржана четвртата седница на Комитетот за безбедно мајчинство и здраво новородено

Во Министерството за здравство се одржа четвртата седница на Комитетот за безбедно мајчинство и здраво новородено, на која претседателот на Комитетот доц.д-р Ана Данева Маркова го предложи за усвојување шестмесечниот Акцискиот план со мерки за намалување на матернална и перинатална смртност кој ќе се однесува за периодот септември 2018 до фебруари 2019 година. Планот е […]

ОДРЖАНА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ДИСПЕРЗИЈА НА ГРАДСКИТЕ БОЛНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ТОЧКИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ

Во организација на Министерството за здравство, во Музејот на современа уметност беше одржана јавна дебата на тема „Потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје“. На дебатата, како панелисти, учествуваа доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство на Република Македонија, прим. д-р. Иван Спировски, в.д. директор на Универзитетската клиника […]

ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЗА 5% СО ПОТПИШУВАЊЕ СПОГОДБА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјала, д-р Љубиша Каранфиловски, присуство на претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев потпишаа заедничка Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, што ќе […]

ВО ОХРИД ОДРЖАНА ПРВА БАЛКАНСКА СРЕДБА ЗА АЛПОРТОВ СИНДРОМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, викендов во Охрид ја отвори првата балканска средба за Алпорт синдромот, посветена на една од ретките и сѐуште малку истражени болести на бубрезите во човечкиот организам. Дијагностицирањето претставува голем професионален предизвик, а раното и точно откривање е многу важна за луѓето заболени од Алпорт синдром. За жал, медицината сѐуште нема […]

ПОТПИШАН ЗАЕДНИЧКИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, МТСП И ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Со цел подобрување на условите и модернизирање на здравството во Република Македонија, министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпишаа заеднички Меморандум за соработка за изградба на повеќенаменски комплекс за јавни услуги во Дексион, во кој превидено е да […]

ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКАЗА ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА

Психо-социјална помош и поддршка на децата заболени од малигни болести на Универзитетската клиника за детски болести и нивните родители, помош тие полесно да поминат низ процесот на лекување, но и надминување на стигмата дека ракот е неизлечива болест, ќе им се овозможи во Дневниот центар „Собата на Жозеф”, кој денеска беше отворен денеска на Универзитетската Клиника […]

ПРВПАТ ВОСПОСТАВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Регистар на лица со ретки болести од денеска е активиран во рамки на електронскиот здравствен систем на Министерството за здравство. Овој електронски модул со податоци ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиниката на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. Секој лекар од јавните […]

СО ИЗГРАДБА НА НОВ И СОВРЕМЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА И ЕФИКАСНОСТА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ

Согласно денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која беше прифатен Предлог законот за изменување на Законот за задолжување на РМ кај Банката за развој при Советот на Европа, со кој се прекинува Компонентата за изградба и модернизација на КЦ „Мајка Тереза“ од рамковниот договор за заем кај Банката за развој при […]