Author: M M

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Почитувани, Согласно Заклучоците на Комисијата за заразни болести содржани во записникот бр. 09-982/34 од 31.03.2020 година, Министерството за здравство ги известува сите лица кои поминале период од 14 дена во самоизолација (домашна изолација) и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат. Со почит,Министерство за здравство

НОВА БЕСПЛАТНАТА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА 0800 002 03

Ги информираме граѓаните дека со почеток од 21.03.2020 година, а во врска со новонастанатата ситуација со covid-19 се организира дополнителна телефонска линија за сите прашања, консултации, подршка и помош поврзани со вирусот. Бесплатната телефонска линија 0800 00203 ќе биде достапна 24/7. Јавното здравство е заедничка одговорност! Од нас зависи!

НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ДРЖАВЈАНИН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОЈ ВЛЕГУВА НА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ, А ПАТУВА ОД ВИСОКО/СРЕДНО РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ УТВРДЕНИ СО ЛИСТАТА НА СЗО

Врз основа на законски одредби и задолженија за утврдување на мерки за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирус COVID – 19, а заради заштита на населението од истиот, се издава НАРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗЛОАЦИЈА за секој државјанин на Северна Македонија кој влегува на гранични премини, […]

ЈАВЕН ПОВИК – ПРОГРАМА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020 ГОДИНА

Врз основа на член 16 став 2 и став 3 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19 ) и Програмата за заштита […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВИ АПАРАТ ЗА ДИЈАГНОСТИКА ЗА БОЛЕНИТЕ ОД ВИЛСОН

Тим од Mинистерството за здравство, денеска беше дел од хуманитарната штафетна трка „Подај рака 2019“ како поддршка на заболените од ретката болест Вилсон, која се одржа кај Школка во Градскиот Парк во Скопје. Министерството за здравство, за првпат годинава успеа да обезбеди апарат со кој се мери количината на бакар која се таложи во црниот […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЈАВНА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО објавува ОГЛАС за пријавување на кандидати за полагање на испит за директор на јавна здравствена установа Ги покануваме сите заинтересирани кандидати кои имаат интерес да полагаат испит за директор во јавна здравствена установа да се пријават на овој оглас што го објавува Министерството за здравство. Согласно член 104 став (2) точка 4) од Законот […]

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ЛЕКОВИТЕ

Почитувани, Во Врска со Одлуката за утврдување на максимална цена на големо на лековите објавена на 15.03.2019 година, Министерството за здравство Ве известува дека од 01.04.2019 година почнуваат да важат новите цени на лековите, како што е дадено во прилог: Решение за формирање на цена на генерички лек Решение за формирање на цена на нерегистрирани лекови […]

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ЛЕКОВИТЕ

Врз основа на член 108 став 10 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на РМ” бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18 и 245/18) и член 12 од Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите („Службен весник на РМ” […]

ТОЛКУВАЊЕ НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

За прв пат во Република Македонија, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Со овој чекор, се почитува правото на пристап до информации во пристапен формат, назначено во членот 9 – Пристапност и членот 21 – Слобода на изразување и мислење и пристап до […]