БАРАМЕ ИЗВИНУВАЊЕ ОД МЕДИУМОТ ЛИДЕР ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ ГРЕШНИ ИНФОРМАЦИИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ГЕНЕРИРА ВЕСТ КОЈА НЕ ЈА ОТСЛИКУВА РЕАЛНОСТА

Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции е процес којшто се водеше транспарентно, согласно Законите за јавно-приватно партнерство и концесии, Законот за јавни набавки и други.. Постапката е започната со одлука на Владата на Република Северна Македонија и во текот на целиот процес и чекор беше транспарентна во реализацијата.

Во оваа постапка, за главна цел е намалување на болничките инфекции преку набавка на инструменти за хируршки зафати, чистење на хируршки сали, изнесување на биолошки и медицински отпад и негово соодветно третирање до комунален отпад. Не станува збор ниту за реагенси, ниту за лабораториска опрема.

Кога станува збор за тендерот за реагенси, ве потсетуваме дека ставот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажа дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот за јавните набавки во Министерство за здравство.

Тендерот со реагенсите беше поништен уште во фаза на евалуација. Истиот не е повторно започнат.

Од вас како медиум, бараме извинување поради:
– Изнесување грешни информации
– Поврзување на две независни постапки
– Креирање на текст што се базина на шпекулација, а не ја отсликува реалната состојба

Сите постапки во Министерството за здравство се водат јавно и транспарентно.

Пред изнесување на какви било информации во јавноста поврзани со јавното здравство, во секој момент сме отворени за прашања и информации, како и досега.

Share This Article :

Related Posts