ТРИ НОВИ ТЕСТИРАЊА НА КОРОНА ВИРУС, РЕЗУЛТАТИТЕ НА ТРОЈЦАТА ПАТНИЦИ СЕ НЕГАТИВНИ

Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден, по одржувањето на последната конференција за медиуми, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје на корона вирус се тестирани тројца пациенти. Резултатите на тројцата патници се негативни на корона вирусот. Станува збор за македонски државјани од кои двајца допатувани од Италија и […]

ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ ЕДНАШ ДОКАЖА ДЕКА СО ПЛАСИРАЊЕ НА НЕТОЧНИ, НЕСЕРИОЗНИ И ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ САКА ДА СОБИРА ДНЕВНО ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ

На денешната прес-конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе низа лаги, клевети и неточни информации за министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Еве што се излажал Стоилковски и за што треба да се извини: Прво, родителите на сопругата на министерот Филипче не располагаат со земјиште од 13 илјади квадратни метри, туку со околу 5000 квадратни […]

НЕМА НОВ СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС ВО НАШАТА ДРЖАВА

Во изминатото деноноќие не се тестирани нови пациенти од корона вирус и до овој момент нема нов случај на заболен од овој вирус во Република Северна Македонија. Единствената пациентка позитивна на вирусот „Ковид 19“ е во добра здравствена состојба. Таа се лекува во одделот за изолација, под постојан мониторинг на стручниот лекарски тим според сите […]

НЕГАТИВНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА КОРОНА ВИРУС НА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА УТРОВО СЕ ЈАВИ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА СО ЗНАЦИ НА РЕСПИРАТОРНА ИНФЕКЦИЈА ПО ВРАЌАЊЕТО ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на корона вирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава. Засега нема нов случај на заразен со корона […]

РЕЗУЛТАТИТЕ НА ДВАЈЦАТА ПАЦИЕНТИ СЕ НЕГАТИВНИ НА КОРОНА ВИРУС, ЕДИНСТВЕНАТА ПАЦИЕНТКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНА ВИРУС Е ВО ДОБРА ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во денешната изјава за медиумите истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на корона вирус е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. „Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе […]

ОД СЕДНИЦАТА НА ВЛАДАТА: МЕРКИТЕ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ВИРУСОТ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ И ЗА НАТАМОШНА ПРЕВЕНЦИЈА СЕ ПРЕПОРАЧУВА ОТКАЖУВАЊЕ НА СИТЕ ПОГОЛЕМИ ЈАВНИ СОБИРИ ДО 6 МАРТ

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот. Министрите во Владата на седницата констатираа дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување […]

ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ЗА ЕВРОПА, ХАНС КЛУГЕ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА ПРЕПОРАКИТЕ НА СЗО, НЕМА ПОТРЕБА ЗА ПАНИКА

„Здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на […]

НЕГАТИВНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА ВЕЧЕРВА БЕШЕ ТЕСТИРАНА НА КОРОНА ВИРУС НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста.

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС КАЈ ПАТНИЧКА КОЈА ПРИСТИГНАЛА ОД ИТАЛИЈА, РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ЗА 4 ЧАСА

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: И ВТОРИОТ ТЕСТИРАН ПАЦИЕНТ, НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека и вториот пациент е негативен на корона вирус. Се работи за лице кое по 6 дена престој во Дубаи пристигнало со лет во Скопје. Пациентот има инфлуенца тип Б. Инфективното одделение во штипската болница ќе биде по потреба просторија за изолација, а […]