КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ОДДЕЛ НА УК ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА И ПОЧЕТОК НА НЕСРОДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА МАТИЧНИ ХЕМАТОПОЕТСКИ КЛЕТКИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче ја посети Универзитетската клиника за хематологија каде комплетно е реновиран Одделот за трансплантација.  Во рамки на овој Оддел, првпат во Македонија и пошироко во регионот ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, која е една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина. Пациентите повеќе нема да треба да […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЈА ПОСЕТИ КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче  ја посети општата болница во Куманово. Тој заедно со раководството на болницата, направи обиколка на одделенијата за хирургија, гинекологија, интерното одделение, детското одделение и физикалната медицина и рехабилитација. Во рамки на посетата се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа јавна здравствена установа  и се истакнаа приоритетите за […]

РЕНОВИРАНА И КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА АМБУЛАНТА ВО УРВИЧ, ОПШТИНА БОГОВИЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче свечено ја отвори реновираната и комплетно опремена амбуланта која е донација од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА. Тој искажа благодарност за донацијата која е од огромно значење за жителите на Урвич и Боговиње кои ќе добијат здравствени услуги во нова и современа амбуланта. Соработката […]

УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА СО НОВИ ПРОЕКТИ

Универзитетската клиника за психијатрија–Скопје почна со имплементација на два научно-истражувачки проектa, во рамки на програмата на Европската Унија за истражување и иновации HORIZON 2020, во соработка со водечки европски институции на ова поле. Двата проекта се во рамки на реформите во областа на менталното здравје во нашата земја, со посебен фокус на развој на систем […]

ОБУКА ЗА ТРАНСПОРТ НА НОВОРОДЕНЧИЊА И РЕТИНОПАТИЈА КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев се обрати на свечено доделување сертификати по повод успешно завршената обука на здравствени работници за реанимација, транспорт и ретинопатија на новороденчиња, организирана во соработка со Турската канцеларија за развој и соработка-ТИКА.  Д-р Милошев истакна дека обуката е дел од меѓусебната соработка со ТИКА, во насока на […]

ПОСЕТА НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РЕСЕН И ОТЕШЕВО

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев денеска ги посети Здравствениот дом во Ресен и Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања–Отешево. На средбата со раководството и стручниот колегиум во Отешево се разговараше за актуелните проблеми, пред сè од инфраструктурен аспект, и во таа насока државниот секретар најави […]

ПОТПИШАН ДОГОВОР СО УНФПА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА МАЈКИТЕ И НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Заедничко имплементирање на мерките за унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата и придонес за намалување на нивната смртност, овозможува Договорот, кој денеска во Владата го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче и директорката за население на ОН (УНФПА) за Македонија Доина Болога.  Со Договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува […]

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈА ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА НАСИЛСТВО ВРЗ ДЕЦАТА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерката за образование и наука Рената Дескоска се обрати на денешната презентација на Студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз […]

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ

Mинистерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на конференцијата „Здравјето на Ромите: Пристап, предизвици и можности за подобрување“, во организација на Фондацијата Отворено општество. Министерот посочи дека во рамки на превентивните редовни програми на Министерството за здравство, за Ромите се предвидени бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни лабораториски испитувања доколку немаат здравствено […]

ОТВОРЕН 39. СОСТАНОК НА ОДБОРОТ НА ГЛОБАЛНИОТ ФОНД ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ, МАЛАРИЈА И ТУБЕРКУЛОЗА

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче го отворија 39. состанок на Одборот на Глобален Фонд за борбата против ХИВ, туберкулоза и маларија пред 300 делегати од целиот свет. -Крајно време е да обезбедиме средина, која нема да ги осудува ниту, пак, ќе ги дискриминира лицата болни од ХИВ […]