РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ И АХМЕДOВСКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и министерот без ресор во Владата задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски остварија работна средба, на која се разговараше за тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство, како и за можностите за зголемување на […]

ЈАВЕН ПОВИК

Формулар за аплицирање и формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот Формулар за професионална биографија Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија”бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/10 и 51/11 “), член 16 став 2 и 3 од Законот […]

ИНФОРМАЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

По вчерашната прес-конференција на министерот за здравство, на кој беа презентирани предлог мерките за намалување на растечкиот тренд на новороденечка и мајчина смртност, Министерството за здравство и министерот, д-р Венко Филипче во ниту еден момент не ја префрлија одговорноста за ниското ниво на функционалност на здравствениот систем кон идните мајки. Беше потенцирано дека Министерството за […]

МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СМРТНОСТА НА ДОЕНЧИЊАТА И РОДИЛКИТЕ

Краткорочни до три месеци и долгорочни до шест месеци се мерките што се планираат за намалување до минимум на смртноста на новороденчињата и родилките во Македонија. Пакетот мерки се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и денеска ги претстави министерот за здравство Венко Филипче кој, рече, силно верува дека ќе […]

СООПШТЕНИЕ ОД МЗ

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за Гинекологија. Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за Гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено сакаме да информираме дека поднесена е пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката.  

ИНФОРМАЦИЈА ОД МЗ

Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија кој е објавен во дел од медиумите, Министерството за здравство информира дека е разговарано со директорката на Клиниката за гинекологија. По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА САД

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На средбата амбасадорот беше запознаен со актуелната состојба во македонското здравство, како и мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава. Исто така, стана збор за нови […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон. Во рамки на средбата, стана збор за продлабочување на соработката меѓу двете земји во насока на подигнување на квалитетот на здравствените услуги.

ПРЕСТАНУВА ВАЖЕЊЕТО НА ПРЕПОРАКИТЕ И МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ

Престанува важењето на препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух во Скопје Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека  среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два […]

СООПШТЕНИЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес (01.02), во работен однос во Министерството е ангажиран Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт, кој ќе работи во секторот фармација. Истовремено ова лице ќе биде активно вклучено и во креирање на Програмата за ретки болести. Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза […]