МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ СО МАЛИГНА БОЛЕСТ НЕ САМО ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЛЕКУВАЊЕ, ТУКУ И ЗА КОНТРОЛНИ ПРЕГЛЕДИ СЕГА НЕ ПЛАЌА ПАРТИЦИПАЦИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово присуствуваше на настанот по повод одбележувањето на 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот, во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“. -Навистина ми е драго што на Светскиот ден за борба против ракот ние имаме што да кажеме. Сметам дека овие изминати […]

ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА Е ПОДГОТВЕН ДА ОДГОВОРИ ВО СЛУЧАЈ НА ИМПОРТАЦИЈА НА ЛИЦА СО КОРОНАВИРУС

Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус. Редовно се врши проверка на патниците на скопскиот аеродром со термалната камера, а покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со лет од Доха. Исто така, викендот […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЦЕЛОСНО Е РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА НА КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Изминатиот период на Универзитетската клиника за ендокринологија се преземени низа активности за осовременување на постојните капацитети, кои овозможуваат нови стандарди во лекувањето на ендокринолошките болести. Комплетно се реновирани и опремени интензивната нега, дел од болничкото одделение, собата за изолација, набавени се нови болнички кревети, апарати за мониторинг на виталните функции и континуирано следење на гликемијата […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПОСТАПУВАМЕ СОГЛАСНО НАСОКИТЕ ОД СЗО, ЦЕЛОСНО СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КОРОНА ВИРУСОТ, ИАКО СМЕ ДАЛЕКУ ОД ТОЈ РИЗИК

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, одржа работен состанок со Комисијата за заразни болести по прогласувањето јавноздравствена состојба од меѓународен ризик за коронавирусот од Светската здравствена организација. На средбата присуствуваше и Џихан Тавила, шеф на Канцеларијата на СЗО во Скопје и од нејзина страна беше посочено дека нашата држава веќе постапува според насоките на […]

КОРИСТЕЊЕТО НА ТЕРМАЛНАТА КАМЕРА УСПЕШНО СЕ СПРОВЕДУВА, НЕМА ПРИЧИНА ЗА НЕКАКОВ РИЗИК ИЛИ ПАНИКА ОД КОРОНА ВИРУС ВО ДРЖАВАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, го посети медицинскиот тим на меѓународниот аеродром-Скопје, кој Министерството за здравство веднаш по издавање на препораките од Светската здравствена организација го распредели на аеродромот.  Со користење на термалната камера успешно се спроведува постапката за идентификација на евентуални заболени од корона вирусот. Меѓу патниците кои пристигнаа од Дубаи […]

СЛЕДУВА РЕНОВИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ПРОБИШТИП, ЈУЖНОТО КРИЛО НА УСТАНОВАТА ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, беа во посета на Здравствениот дом во Пробиштип.  При денешната посета, министерот Филипче најави проект преку донација од Американската амбасада за подобрување на условите за работа во оваа јавноздравствена установа. – Благодарение на амерканската амбасада во Здравствениот дом целосно ќе […]

ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, СИСТЕМОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНИРА

Министерството за здравство информира дека редовно се следи состојбата со корона вирусот на територијата на Република Северна Македонија и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. Во државата, досега, не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување, издадени од повеќе земји, Република Северна Македонија е ставена […]

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА СО НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ДИЈАГНОСТИКА ПРИ СПИЕЊЕ

Клиниката за психијатрија набави најсовремена опрема за дијагностика при спиење. Опремата се состои од полисомнограф и актиграф, со коишто се следат повеќе физиолошки функции во текот на спиењето, како и во текот на дневно-ноќниот ритам. Со софтверска анализа на добиените резултати, а во соработка со проф. Кнегиња Рихтер Соколовска од Клиниката во Нирнберг, Германија, се […]

ВМРО-ДПМНЕ ПРВО ДА НАУЧИ КОИ СЕ ВИСТИНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ, А ПОТОА КАКО СЕ ПОСТАПУВА ВО СИТУАЦИИ КАКО СО КОРОНАРНИОТ ВИРУС ВО КИНА, ОНИЕ КОИ НЕ ГИ СПРОВЕДУВАА НАСОКИТЕ ОД ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ И СЗО СЕ ТОКМУ ОНИ

Северна Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус што се појави во кинескиот град Вухан. Преземени се приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус. Состојбата е целосно под контрола, во […]

ДВОЈНО Е НАМАЛЕНА БРОЈКАТА НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТКИ СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА, ВО СПОРЕДБА СО 2009 ГОДИНА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска се обрати на трибината посветена на неделата за подигнување на свеста за ракот на грлото на матката во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“. -Денеска ја одбележуваме неделата за подигнување на свеста за ракот на матката. Оваа година не оставивме да биде на одбележување […]