КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА ИЗНАОЃАЊЕ КОМПРОМИСНО И ИТНО РЕШЕНИЕ ЗА СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ КОЈ СЕ СОЗДАВА ВО КЛИНИЧКИОТ КАМПУС, НО И ЗА ПРОТОКОТ НА ВОЗИЛА ПО БУЛЕВАРИТЕ КОИ ВОДАТ ДО КЛИНИКИТЕ

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше координативен сотанок со претставници од секторите за сообраќај при Општина Центар и Град Скопје, Министерството за внатрешни работи, Регионалниот центар за управување со сообраќај и со вработени од Итната медицинска помош, со цел да се изнајде компромисно и итно решение за сообраќајниот метеж кој се создава […]

ОБЕЗБЕДЕНА Е НАПРЕДНА И СОВРЕМЕНА ТЕРАПИЈА ЗА ХЕПАТИТИС Ц ЗА 150 ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за Инфективни Болести и Фебрилни Состојби, во соработка со американската невладина организација Direct Relief, обезбедија напредна и соверемена терапија за Хепатит Ц за 150 пациенти. На денешната прес-конференција, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче истакна дека терапијата за Хепатит Ц е со вредност од речиси 19 милиони американски […]

ПО ТРИ ГОДИНИ, УСПЕШНО ТРАНСПЛАНТИРАНИ БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

После три години пауза, на Клиниката за Урологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт. Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на […]

ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата. Доктор Рсовац, престојува на ГАК на покана на Министерот за Здравство Доц. д-р Венко Филипче и за време […]

УСПЕШНА СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА НА СПАСУВАЊЕ ПРИ ПОПЛАВА ВО КУМАНОВО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на симулациска вежба во Куманово, населба „Средорек“, каде се демонстрираше подготвеност на медицинските тимови при поплава. Организатор на вежбата е Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација (СЗО) и Фонодот за население на Обединети нации (УНФПА).  На оваа вежба беше извршена симулација на способност за […]

ОТВОРЕНО ПРВОТО РОСА ШКОЛО ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ПОЛИКЛИНИКА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Министерството за здравство и Пивара Скопје, денеска официјално го отворија првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Тука, идните родителите ќе можат да се едуцираат за одговорно, успешно и позитивно родителство, но и отворат дискусии за емотивно приврзување, градење на карактерот на детето, учење на родителските стилови и ран детски развој. […]

КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА НАСКОРО СО КОМПЛЕТНО НОВ ХИРУРШКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Општата болница Куманово е исклучително позитивен пример на јавна здравствена установа која во соработка со Министерството за здравство и Владата на РМ во континуитет вложува во унапредување на квалитетот на јавното здравство. Комплетно нов објект на хируршкиот Ургентен центар во Куманово, наскоро ќе биде пуштен во употреба. Деновиве се привршуваат градежните зафати, а во Општа […]

НАБАВЕНИ 12 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ЗАЈАКНАТА Е ИМП

Министерството за здравство, вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП). На денешната прес-конференција, министерот Доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари. […]

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, ја отвори регионалната работилница на тема „Зајакнување на здравствениот информатички систем во делот на собирање податоци за сообраќајни незгоди“. На оваа работилница присуствувашр и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), како и претставници од МЗ, МВР, Центрите за јавно здравје, како […]

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЈАПОНСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ЗА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И РЕНОВИРАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи. Во рамки на посетата, министерот Филипче изрази благодарност […]