ТЕЛЕФОНСКА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА И ЗА ТРУДНИЦИТЕ И РОДИЛКИТЕ, ЛИЦАТА СО НАРУШЕН СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС, КАКО И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК ВО ПЕРИОД СО СПРАВУВАЊЕТО СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На […]

ВО ТРЕТМАНОТ НА ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ НА КОВИД-19, МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ПОСТАПУВААТ ПО ПРОТОКОЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19, ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење. За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол […]

ОД ДЕНЕСКА ВО НАШАТА ЗЕМЈА, ДВА ЗНАЧАЈНИ МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Од денеска Република Северна Македонија е една од земјите во кои ќе се спроведуваат два значајни меѓународни проекти за борба против коронавирусот. Имено, денеска Светската Здравствена Организација го потврди учеството на нашата земја во програмата „Солидарност“, што претставува голема, меѓународна студија дизајнирана да даде податоци за најефикасен треман во лекувањето на пациентите со КОВИД-19. Целта […]

УПАТСТВО ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС КАЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку […]

ФИЛИПЧЕ: ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУС, ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, БИДЕЈЌИ НИШТО НЕ МОЖЕ ДА НАПРАВАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ДОКОЛКУ ГРАЃАНИТЕ НЕ ИМ ПОМАГААТ

Филипче: Прв смртен случај од коронавирусот Да се почитуваат мерките, бидејќи ништо не може да направат здравствените работници, доколку граѓаните не им помогнат Текст Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче на редовната прес-конференција соопшти дека во земјава го имаме првиот смртен случај од коронавирус, кој посмртно беше дијагностициран доцна синоќа. -За жал го имаме […]

НОВА БЕСПЛАТНАТА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА 0800 002 03

Ги информираме граѓаните дека со почеток од 21.03.2020 година, а во врска со новонастанатата ситуација со covid-19 се организира дополнителна телефонска линија за сите прашања, консултации, подршка и помош поврзани со вирусот. Бесплатната телефонска линија 0800 00203 ќе биде достапна 24/7. Јавното здравство е заедничка одговорност! Од нас зависи!

НЕМА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ-ОД ДЕНЕСКА СЕ ВОВЕДУВА ТЕЛЕФОНСКА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИ И РАНЛИВИ ГРУПИ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната редовна прес-конференција информираше дека нема новодијагностицирани пациенти, а првата пациентка кај која беше дијагностициран вирусот, денеска, е пуштена на домашно лекување, во сосем добра клиничка состојба. – Контролната слика на белите дробови, покажа дека нема големи последици, може да се упати на домашно лекување, а ќе повторам дека […]

ПРВАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНА ВИРУС ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација. Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба […]

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 СО КОЈА СИТЕ НЕЈЗИНИ МЕРКИ ДОБИВААТ ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и […]

КАКО ДО ПРАВИЛНА ДОМАШНА САМО-ИЗОЛАЦИЈА?

Како до правилна домашна само-изолација? Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома. 📍 Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите. 📍 Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат. 📍 Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство […]