ОТВОРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА КАВАДАРЦИ

Во рамки на Општата болница Кавадaрци, вчера (5.11.2018г.) за првпат беше отворен Ургентен центар. Станува збор за нова, посебна единица при Општата болница, која се состои од приемна амбуланта за прегледи и прифаќање на итни случаи и пациенти кои ќе доаѓаат за време на дежурствата, викендите и за време на празници. Редовните прегледи ќе се […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска одржа работна средба со заменик-амбасадорот на Германија Петар Шалер, амбасадорот на Италија, Карло Ромео, амбасадорот на Холандија, Волтер Пломп и амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј. Целта на оваа средба беше да се продлабочи соработката со земјите на Европска Унија и да ги покажеме заложбите кон хармонизирање со […]

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „И РОДИТЕЛСТВОТО СЕ УЧИ“ ЗА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ ДА ПОДИГААТ СРЕЌНИ, ЗДРАВИ И ПАМЕТНИ ДЕЦА

Министерството  за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската унија и УНИЦЕФ, денеска започнаа кампања насловена како „И родителството се учи“. Отворајќи дискусија за детскиот развој и човечкиот напредок, кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА ОД УТРЕ

Министерот за здравство, Доц. д-р Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција, на која информираше дека вакцинацијата против сезонски грип почнува утре (05.11.2018 година) во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини. За првпат годинава, Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ОДБРАНА НА VI-ТИ ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ ПО КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА ВО ЖЕНЕВА

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствуваше на одбрана на VI-ти Периодичен Извештај по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жената во Палатата на Нациите, во Женева, Швајцарија. Во состав на делегацијата беше и Министерот за здравство,  д-р Венко Филипче, како и […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Е ОД КРУЦИЈАЛНА ВАЖНОСТ ЗА ЕКОНОМСКИОТ НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство доц.д-р Венко Филипче, денеска беше дел од големата конференција „Развој на човечкиот капитал и економскиот раст во земјите на Западниот Балкан“ во организација на Министерство за финансии и Светска банка, на која имаше свое обраќање, на кое потенцира дека Министерство за здравство е клучно за подобрување на човечкиот капитал во земјата. Инвестирањето […]

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТ ЗА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА

Делегација од Министерството за здравство, денеска е на работна средба во Солун, Грција на која се зборува за почеток на имплементација на проект за меѓугранична соработка на Република Македонија и Република Грција, во рамки на ИПА фондовите за прекуграничната соработка. На средбата присуствуваат и претставници од Општа болница во Гевгелија и Клиничката болница од Битола […]

ШКОЛИТЕ ЗА РОДИТЕЛСТВО ЌЕ ПОЧНАТ ДА ФУНКЦИОНИРААТ ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА НОЕМВРИ

Во организација на Министерството за здравство и тимот на „Роса“ се организира обука за здравствени работници (педијатри, неонатолози, акушерки и медицински сестри) од Здравствен дом-Скопје, Клиничка болница-Битола и болницата во Гостивар, со цел пренесувaње на знаењата за успешно функционирање на школите за родителство. Обуката се одржува во Институт за јавно здравје на Р.Србија. Школите за […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО УСЛОВИ СО БЕГАЛСКАТА И МИГРАНТСКА КРИЗА

Министерството за здравство во соработка со УНФПА – Фонд за население на Обединети нации и Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА во периодот  до 29 до 31 октомври 2018 година, организира обука на тема „Минимален пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби“. Обуката произлегува од искуството со бегалската и […]

РАБОТИЛНИЦА НА МЗ И СЗО ЗА ИНИЦИРАЊЕ МУЛТИСЕКТОРСКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА НЕЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Во организација на Министерство за здравство и Светската здравствена организација денеска во Скопје се одржува дводневна работилница за иницирање и имплементација на Акциски план за незаразни болести. Работилницата има за цел да иницира мултисекторска имплементација на Акцискиот план за незаразни болести, како и детално планирање на активностите за периодот 2019-2020 година, во која претставниците на […]