РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп. На средбата стана збор за можностите за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, како и подобра соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БОЛНИЦИТЕ ВО КИЧЕВО И СТРУГА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во работна посета на болниците во Кичево и во Струга, при што оствари и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. – Повод за посетата е лично да се запознаам со условите за работа во Општата болница во Струга, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ВО РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со амбасадорот на Албанија во РМ, Фатос Река, на која беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.

ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА РАНА ДИЈАГНОЗА НА ДЕФОРМИТЕТИ НА ′РБЕТ КАЈ ДЕЦА

Министерството за здравство, во соработка со Институтот за физикална медицина и рехабилитација и општините Карпош и Центар почнаа со реализација заеднички проект за промоција на превентивна физичка активност кај деца со лошо држење на ‘рбет. Во рамки на проектот се предвидени прегледи на ′рбет кај децата од доктор физијатар и доколку се констатира деформитет на […]

РЕАКЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со наводните тврдења на поединци дека се избришани одредени содржини од сајтот, Министерството за здравство категорично ги отфрла тврдењата дека од официјалната веб страна на Министерството за здравство се избришани сите информации на албански јазик. Не постои намера ниту пак е укажано податоците на албански јазик од веб страната да се избришат.  

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО УНФПА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ НА РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска оствари работна средба со претставници од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на РМ. На средбата, меѓу другото стана збор за унапредување на статусот на овие здравствени работници, како и можностите за реализација на конкретни чекори и активности за подобри услови за работа како за нив, така […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЈА УНАПРЕДУВААТ СОРАБОТКАТА

– Унапредување на соработката меѓу Министерството за здравство и Лекарската комора на Македонија, носењето на новиот Закон за здравствена заштита, Законот за докторска дејност, платите и дежурствата на докторите и целокупниот медицински персонал и иницирање кампања за подигнување на достоинството на здравствените работници. Ова се дел од темите на работниот состанок на министерот за здравство […]

ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ И ВО БОЛНИЦИТЕ ВО БИТОЛА И ГОСТИВАР

Школи за родителство кои ќе претставуваат еден вид советувалишта ќе бидат отворени во три јавни здравствени установи – во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, во Клиничката болница во Битола и во Општата болница во Гостивар. Средствата за отворање на школите ќе бидат обезбедени во рамки на партнерски проект на Министерството за здравство и Пивара за […]

РАБОТНА СРЕДБА НА МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ И АХМЕДOВСКИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче и министерот без ресор во Владата задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски остварија работна средба, на која се разговараше за тековни и планирани активности во насока на Имплементација на националниот акциски план за здравство, како и за можностите за зголемување на […]