БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Е ДУПЛИРАН, ВО 2020 ПРЕДВИДЕНО Е ДА ИЗНЕСУВА 527 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВО 2017 ИЗНЕСУВАЛ 213 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Министерството за здравство води вистинска грижа за пациентите со ретки болести.

Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести.

Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари.

Изготвена е Национална стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Десет годишната стратегија ќе биде дадена на усвојување од страна на Владата, со што овој стратешки документ станува документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021