Сектор за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет

Одржана средба Тодоров-Андриукаитис: Македонија пред 16 земји-членки на ЕУ во здравствените реформи

Министерот за здравство на Република Македонија, Никола Тодоров, попладнево во Европската комисија оствари средба со комесарот за здравство, Витенис Андриукаитис, на која главна тема беа македонските реформи во здравството, што придонесоа за историски напредок на нашата земја на Индексот на европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2014 година, каде од 28-то место во 2013 година, годинава […]

Министерот Тодоров во Брисел на презентација на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс

Министерот за здравство Никола Тодоров престојува во еднодневна посета на Брисел по повод презентирање на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс. На покана на организаторот на настанот Health Consumer Powerhouse, министерот Тодоров одржа говор на тема “Што е тајната зад рапидниот напредок на македонските здравствени перформанси”, во рамки на презентацијата на европскиот здравствен потрошувачки индекс […]

Министерот Тодоров во работна посета на САД-презентирани можностите за инвестирање во слободни здравствени зони

Претставници на американски болници и центри од целата територија на САД дојдоа на презентацијата на министерот за здравство Никола Тодоров во Вашингтон. Голем број се заинтересирани за вложување во слободните здравствени зони и медицинскиот туризам во Македонија. Врвни хирурзи, научници, директори на болници и медицински центри присуствуваа на преставувањето на можностите за вложување во медицинските зони […]

Сектор за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет

Секторот за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет има за цел остварување програми и проекти што произлегуваат од билатералната и мулилатералната соработка и техничката помош  во надлежност на секторот; да  остварува постојана соработка и средби со претставници на меѓународни владини и невладини организации и специјализирани агенции,  да предлага пристапување кон конвенции и протоколи  на […]