АКТУЕЛНО

ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 27 ФЕВРУАРИ

На 27 февруари 2020 година, Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), ќе го организира вториот Национален форум за здравје, под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“. „Ќе имаме можност да дискутираме за прашања од областа на здравјето, здравствените планови, заеднички да отвориме дискусија и да ги собереме […]

МЗ ФИЛИПЧЕ И СЗО ТАВИЛА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СИСТЕМИ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТИ И ЕПИДЕМИИ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН

Вчера, во канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО), Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: UNDP, UNFPA и  UNICEF кои имаат директна поврзаност со системот на здравство.   Во врска со корона вирусот Филипче изјави дека целиот […]

ИНСТИТУТОТ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА СО НОВ АПАРАТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ БАКАР ВО УРИНА И СЕРУМ -ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИЛСОН ПРВПАТ ЌЕ ГИ ВРШАТ ПОТРЕБНИТЕ ИСПИТУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА И НА ТОВАР НА ФЗО

Институтот за клиничка биохемија набави нов апарат Атом-апсорпционен спектрометар (PinAAcle 900 F Perkin Elmer), со кој може да се одредува концентрација на тешки метали, посебно на бакар во урина и во серум. Ова испитување е брз метод за утврдување вишок бакар во организмот во процесот на дијагностика, што е посебно значајно за пациентите со Вилсонова […]

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ, МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА И ЧОВЕКОТ КОЈ Ѝ ПОМОГНАЛ

На годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој ѝ помогнал да се извлече од превртениот автобус. -На барање на Седат, минатата година успеавме заеднички да ја најдеме Јасмина. Тоа беше еден навистина емотивен момент, кој потврдува дека […]

ПОТВРДЕНО ПРИСУСТВО НА КОРОНА ВИРУС КАЈ ЕДЕН ОД МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ, ВО МОМЕНТОВ Е ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО ЈАПОНИЈА

Министерството за здравство информира согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес“ во Јокохама, Јапонија. Потврдено е присуство на корона вирусот кај еден од македонските државјани, кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВЕН РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ТРЕТМАН ЗА ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И КОМБИНИРАНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА ВО ЗАВОДОТ ЗА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

Одделот за интензивен рехабилитациски третман, каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Во овој оддел на околу 250м2 е обновен подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што првпат се опфаќаат деца од нула […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ И НАБАВЕН НОВ ДИГИТАЛЕН РЕНДГЕН АПАРАТ ЗА ПОЛИКЛИНИКАТА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ комплетно е реновиран вакциналниот пункт и се набави нов дигитален рендген апарат. При посетата, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека ги следиме стандардите и упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) и почнато е со комплетно реновирање на вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје.  – Во овие реновирани пунктови, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НОВИОТ ЦЕНТАР ЗА РАНИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ТРЕТМАН КАЈ ДЕЦА СО НАРУШУВАЊА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР ВО ОХРИД Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЦЕНТАР ВО ОВОЈ РЕГИОН  

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска ја посетија Општата болница во Охрид, каде што кон крајот на 2019 година во оваа јавно-здравствена установа се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, со поддршка од бугарската амбасада и Здружението […]

РАБОТНИЦИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА „СИНОХИДРО“, А СЕ ВРАБОТЕНИ ОД РЕПУБЛИКА КИНА И КОИ РЕДОВНО ТРАНЗИТИРААТ НА РЕЛАЦИЈА КИНА-СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМААТ ПРЕПОРАКА ДА СЕ ВРАТАТ ПОКАСНО, А НЕПОСРЕДНО ПРЕД ВРАЌАЊЕТО 14 ДЕНА ЌЕ БИДАТ ВО КАРАНТИН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е Џанг Ѕуо, на која разговараа за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат. На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо го информираше министерот Филипче дека работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ВОВЕДЕНА Е ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

На Универзитетската Клиника за радиотерапија и онклогија, покрај давањето за соодветен третман при лекување на пациентите, кој вклучува обезбедување на соодветна терапија за пациентот кој се лекува на оваа Клиника, од минатата година во оваа терапија вклучена е и психосоцијалната поддршка на пациентот како клучна за подобрување на целокупниот процес низ којшто поминува пациентот. „Се […]