АКТУЕЛНО

ЗАБЕЛЕЖАН БЛАГ ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД – ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што беше заклучено дека минатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во […]

СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

Оваа недела е Светската недела на доењето! Мајчиното млеко е идеална храна за бебињата. Бебињата треба да се хранат исклучиво со мајчино млеко во првите шест месеци од животот, а доењето треба да продолжи до втората година од животот па и понатаму Мотото на Светската недела на доење, годинава, е „Заложи се за доење, едукација […]

ОТВОРАЊЕ НА РЕНОВИРАНИОТ ХИРУРШКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР НА КЛИНИКА ЗА ТОАРИЛУЦ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство д-р Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го отворија реновираниот хируршки ургентен центар во Скопје. Заедно со директорот на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски, ја потенцираа важноста од инвестициите во осовременување на здравствените […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН И ЗАМЕНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Кандидатот за национален и заменик на националниот координатор за трансплантација, согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015 и 37/2016), треба да ги исполнува следните услови: Да има завршено медицински факултет со просек од најмалку […]

ПРИ ПОДОЛГ ПРЕСТОЈ ВО ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈА ДА СЕ НОСАТ МАСКИ, А ЛИЦАТА ОД РИЗИЧНИТЕ КАТЕГОРИИ МАСКА МИНИМУМ ФПП2 ИЛИ Н95 ИЛИ ФФП3

При престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Просториите во кои се престојува подолго (канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат. Да се избегнува непотребно собирање во големи […]

ПРОМОВИРАНА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА BEBBO – ПРИМЕР ЗА МЕЃУСЕКТОРСКА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА ОД 0 ДО 6 ГОДИНИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денес присуствуваше на промоцијата на мобилната апликација Bebbo, изработена од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Оваа апликација нуди поддршка на родителите на деца од 0 до 6 години, поврзана со здравјето и нивниот развој. Здравјето на детето почнува уште во перинаталниот период и е поврзано […]

КЗБ: ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈА СО ЧЕТВРТА ДОЗА ПРОТИВ КОВИД-19

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 – годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните […]

СО ПОДДРШКА ОД ХРВАТСКА ОБЕЗБЕДЕНИ 101 ИЛЈАДА ДОЗИ „МОДЕРНА“

Со поддршка од Хрватска се обезбедени 101 илјада дози „Модерна“, во рамки на континуираната помош од оваа земја за соодветно справување со пандемијата.-Изразив огромна благодарност до амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба на која разговаравме за предизвиците на нашите здравствени системи, како и можностите за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете земји, […]

ЕКСПЕРТСКА МИСИЈА НА СЗО ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПОДГОТВЕНОСТ И ОДГОВОР НА ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ

Експерти од главната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) и од балканскиот центар за вонредни состојби на СЗО спроведоа техничка мисија во периодот од 31 мај до 2 јуни, 2022 година, како дел од континуираната соработка со здраствените власти за зајакнување на системот за подготвеност и одговор на јавноздравствени вонредни состојби, вклучувајќи ја и контролата […]

МИНИСТЕРОТ БЕКИМ САЛИ СЕ ОБРАТИ НА 75-ТА АСАМБЛЕЈА НА СЗО ВО ЖЕНЕВА

Министерот за здравство, д-р Беким Сали учествува на 75-та Асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија.Во рамки на своето обраќање, на тема „Здравје за мир и мир за здравје”, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување  со ковид пандемијата, што е добра основа и за […]