АКТУЕЛНО

ВОВЕДЕНА КОНТРОЛА НА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ДОАЃААТ ВО ЗЕМЈАВА-АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ОДЛОЖАТ ПАТУВАЊАТА ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од утрово воведена е контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја и упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија. -Утрово имавме состанок со Комисијата за заразни болести на којшто присуствуваа […]

ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ ЗА 5 МЕСЕЦИ ИМ ПОМОГНАЛЕ НА 25.064 ЛИЦА ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КЛИНИКИ ВО СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот комплекс, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа. Во периодот од октомври, минатата година, кога стартуваше овој проект, до денес помош […]

МАЈЧИНАТА И ПЕРИНАТАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЛАВНА ТЕМА НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Вториот национален форум за здравје, што ќе се одржи на 27 февруари 2020 година е платформа на која ќе се разговара за актуелната состојба и иднината на мајчината и перинатална здравствена заштита во Северна Македонија. Форумот ќе ги сподели и одбележи постигнувањата од првата година на реализација на обновената визија за примарна здравствена заштита (ПЗЗ), […]

ВО ТЕКОТ НА 2018 И 2019 ГОДИНА, СЕ ОТВОРИЈА ШЕСТ РОСА ШКОЛИ ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

„Министерството за здравство во соработка со Пивара Скопје, во текот на 2018 и 2019 година отвори шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во градовите Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид. Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи […]

ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 27 ФЕВРУАРИ

На 27 февруари 2020 година, Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), ќе го организира вториот Национален форум за здравје, под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“. „Ќе имаме можност да дискутираме за прашања од областа на здравјето, здравствените планови, заеднички да отвориме дискусија и да ги собереме […]

МЗ ФИЛИПЧЕ И СЗО ТАВИЛА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СИСТЕМИ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТИ И ЕПИДЕМИИ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН

Вчера, во канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО), Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: UNDP, UNFPA и  UNICEF кои имаат директна поврзаност со системот на здравство.   Во врска со корона вирусот Филипче изјави дека целиот […]

ИНСТИТУТОТ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА СО НОВ АПАРАТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ БАКАР ВО УРИНА И СЕРУМ -ПАЦИЕНТИТЕ СО ВИЛСОН ПРВПАТ ЌЕ ГИ ВРШАТ ПОТРЕБНИТЕ ИСПИТУВАЊА ВО ЗЕМЈАВА И НА ТОВАР НА ФЗО

Институтот за клиничка биохемија набави нов апарат Атом-апсорпционен спектрометар (PinAAcle 900 F Perkin Elmer), со кој може да се одредува концентрација на тешки метали, посебно на бакар во урина и во серум. Ова испитување е брз метод за утврдување вишок бакар во организмот во процесот на дијагностика, што е посебно значајно за пациентите со Вилсонова […]

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ, МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА И ЧОВЕКОТ КОЈ Ѝ ПОМОГНАЛ

На годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој ѝ помогнал да се извлече од превртениот автобус. -На барање на Седат, минатата година успеавме заеднички да ја најдеме Јасмина. Тоа беше еден навистина емотивен момент, кој потврдува дека […]

ПОТВРДЕНО ПРИСУСТВО НА КОРОНА ВИРУС КАЈ ЕДЕН ОД МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ, ВО МОМЕНТОВ Е ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО ЈАПОНИЈА

Министерството за здравство информира согласно најновите информации добиени од јапонските надлежни органи дојде до промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес“ во Јокохама, Јапонија. Потврдено е присуство на корона вирусот кај еден од македонските државјани, кој во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Амбасадата на Република […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВЕН РЕХАБИЛИТАЦИСКИ ТРЕТМАН ЗА ДЕЦА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР И КОМБИНИРАНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА ВО ЗАВОДОТ ЗА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

Одделот за интензивен рехабилитациски третман, каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Во овој оддел на околу 250м2 е обновен подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што првпат се опфаќаат деца од нула […]