АКТУЕЛНО

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПРИ КРЕИРАЊЕ ОДРЖЛИВИ СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ ВО ДРЖАВАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателката на Националната алијанса за ретки болести, Ребека Јанковска-Ристески денеска склучија заеднички меморандум за соработка, со кој се уредува соработката при креирање одржливи системски решенија за пациентите со ретки болести во државата.  Министерството за здравство и Националната алијанса за ретки болести, соработката ќе ја остваруваат преку низа […]

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ШЕСТ НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ЗА ИМП СКОПЈЕ

Министерството за здравство информира дека се пуштени во употреба новите шест возила за Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје. Амбулантните возила се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема и од синоќа се во функција за потребите на граѓаните на градот Скопје и околните места. Со овие возила, за 100 проценти е зајакната ИМП. […]

СРЕДБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ, АДЕМИ, ДЕСКОСКА И ЦАРОВСКА СО ГРУПА РОДИТЕЛИ: ВО ИНТЕРЕС НА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ПРЕКУ ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФАКТИ И ДИСКУСИЈА, ЌЕ ГИ ИНФОРМИРАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ ВО ОДНОС НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министрите за здравство, за образование и наука, за правда и за труд и социјална политика, односно Венко Филипче, Арбер Адеми, Рената Дескоска и Мила Царовска денеска се сретнаa со група родители коишто не сакаат нивните деца да ја примат вакцината за заштита од вирусите […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО ОБИКОЛКА НА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА: КУМАНОВО ДОБИВА ПОДОБАР УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Општата болница Куманово со цел да направи обиколка на комплетно новиот објект на Ургентниот центар во Куманово. Градежните зафати се завршени и наскоро ќе биде пуштен во употреба.  Тој истакна дека оваа установа е исклучително позитивен пример на јавна здравствена установа која во соработка со […]

ЗАВРШЕНА ФАЗАТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ ВО РАМКИ НА ОТВОРЕНАТА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИНТЕГРИРАНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ХИРУРШКИ ЗАФАТИ И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД БОЛНИЧКИ ИНФЕКЦИИ – ПРЕТСТОИ ПЕРИОД НА ЕВАЛУАЦИЈА НА ДОБИЕНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОД ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ, СЀ ДО ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Согласно законски утврдените рокови, во врска со отворената постапка за доделување Договор за воспоставување јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции, денес до 12:00 часот, преку Електронскиот систем за јавни набавки пристигнаа понуди од два економски оператори. Постапката се спроведува согласно Законот за концесии […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА НАСТАН ВО РАМКИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА „RIDE4WOMEN“: ЌE ПРОДОЛЖИМЕ ДА ЈА ПОДИГНУВАМЕ СВЕСТА ЗА ВАЖНОСТА НА ПРЕВЕНЦИЈАТА И РАНАТА ДИЈАГНОЗА НА РАК НА ГРЛО НА МАТКА

Министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на настан во рамки на иницијативата „Ride4Women“, започната од неколку европски лекари, со цел преку возење велосипед на долги патеки да се подигне свеста за важноста на превенцијата и раната дијагноза на ракот на грлото на матката, потребата за подобрување на целокупното здравје, како и зачувување на […]

СО ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ ИМААТ ПОДОБРЕНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА, А СИТЕ НИЕ ЌЕ ДОБИЕМЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И НЕГА ПО НАЈНОВИ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната редовна 138 седница, ја разгледа и усвои информацијата и одлуката за давање на согласноста за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место „ВЕЛЕ ПОЛЕ“, за изградба на објекти со намена  А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и […]

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА Е ДОНЕСЕН И ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК

Новиот Закон за прекинување на бременоста е донесен и објавен во Службен весник под бр.101 од 22.05.2019 година, закон што 8 денови по неговото објавување стапува на сила. Со новиот Закон, се укинуваат постојните административни процедури-бариери, кои го одложуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. За првпат, се воведува можноста за прекинување на бременоста […]

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ И ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ ЛЕКОВИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Значително го зголемивме буџетот за ретки болести и за 2019 година изнесува 380 милиони денари. Минатата година воведовме 3 нови лека, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше. Годинава воведуваме уште два нови лека, меѓу кои и нов лек во таблетарна форма за болеста Гоше. Во […]

ПОЛИТИКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СЕ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија како позитивни се оценети чекорите на Министерството за здравство за унапредување на јавното здравје во повеќе категории. Во поглед на зголемувањата на платите на медицинскиот персонал во јавното здравство и подобрување на политиката за задржување, дадена е позитивна оценка во извештајот. Во месец септември […]