ПОЧЕТНА

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување термини. Започнува и теренската вакцинација, којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата. Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе […]

НАЈСОВРЕМЕНИ МЕДИЦИНСКИ АПАРАТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА КОВИД ЦЕНТРИТЕ

Министерството за здравство информира дека во рамки на проектот за итно справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, финансиран со заем од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати.Во текот на вчерашниот ден почна испораката и инсталација на апаратите и тие се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, […]

ОДОБРЕНИ СЕ 498 СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ И 87 СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

Младите лекари да не стравуваат, затоа што имплементирањето на политиките коишто се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив. Ова утрово го потенцираше министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој истакна дека Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата на Република Северна Македонија. Вкупно […]

СТИГНАА 10 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „АСТРА ЗЕНЕКА“ ОД ХРВАТСКА, НАЈАВЕНИ УШТЕ 20 ИЛЈАДИ

Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“, што ќе биде практично […]

ДОЕСЕГА АПЛИЦИРАНИ 557.400 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 223.014 ЛИЦА

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно, досега се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 472.159 граѓани. Со последните бројки 52% од населението […]

ПРИСТИГНАА 500 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ „СИНОВАК“

На скопскиот аеродром пристигнаа 500 илјади вакцини набавени од производителот „Синовак“. Вакцините се соодветно складирани во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина, каде има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што се дистрибуирани до пунктовите низ државата, согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголемо количество вакцини, коешто одеднаш […]

РЕГИСТРИРАНИ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.689 – ОЗДРАВЕНИ 86 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТО ЕДНО ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се пет нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по едно лице.Регистрирани се 86 оздравени пациент од: Скопје – 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и […]

РЕГИСТРИРАНИ ДВА СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.684 – НЕМА ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ – НЕМА ПОЧИНАТИ ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на Ковид-19 од Скопје.Не се регистрирани оздравени пациенти.Не се регистрирани починати лица. Направени се 2.216 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-34, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–30, Клиника за инфективни […]

ФИЛИПЧЕ: ЖЕНАТА Е НА ПРВО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СЕКОЈА МАЈКА И СОПРУГА

Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет – се грижиме за секоја мајка, сопруга, жена. Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста. Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени […]

ИНВЕСТИРАМЕ ВО МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ – НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЖУРСТВА И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ

Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување е нешто што првпат добиваат специјализантите во нашата држава. Решавањето на ова прашање ги опфаќа сите идни приватни специјализанти и придонесува за зголемување на мотивацијата при работењето. На овој начин се стремиме кон дополнителна мотивација за оваа група на лекари. Министерството за здравство активно ги слуша барањата на […]