Новости

ПРОЕКТОТ „ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ“ ДОСТАПЕН ВО СИТЕ ПОРОДИЛИШТА ВО ДРЖАВАТА

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, заедно со директорот на Управата за водење матични книги на РМ, Ѓоко Котевски и со претставници од МојТермин денеска ја посетија Општа болница Куманово по повод дисперзија на проектот „Добредојде бебе“ во породилиштата во цела држава, со што младите родители во сите 17 породилишта во држават имаат можност […]

Намалена цена на менингококната вакцина за лицата кои одат на аџилак-на илјада денари

Информираме дека на иницијатива на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, и во договор со Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје донесена е одлука за намалување на цената на менингококната вакцина за лицата кои одат на аџилак, од 2400 на 1000 денари. Ова е само почеток на имплементација на идеите предложени од […]

Жените од Шуто Оризари конечно со гинеколошка амбуланта

Од следна недела почнува со работа гинеколог во амбулантата во Шуто Оризари, со што се решава долгогодишен проблем и се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина.   Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која има работено во американска болница во Албанија.

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се поставени нови табли за ориентација

Во Универзитетскиот клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје се поставени нови табли за ориентација. Новите табли се поставени на три различни јазици, на македонски, на албански и на англиски јазик. Сега сите граѓани без исклучок ќе имаат полесна ориентација во комплексот клиники.

ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН 24 ЧАСА

Министерството за здравство е информирано од Детската болница Козле дека од минатата недела е воведена можноста за вршење комплетни лабораториски испитувања и во трета смена, што значи сите пациенти кои имаат потреба може во било кое време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања. […]

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО ЈЗУ

Почитувани, Информираме дека минатата недела беа именувани директори и во следните јавни здравствени установи: – Геронтолошки завод – Салија Љатиф – Институт за белодробни заболувања кај децата Козле – Ангелчо Андоновски – Универзитетска клиника за ревматологија – Филип Гучев Дополнително информираме дека во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи. Исто така се разрешени […]

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ТОПЛОТЕН БРАН ОД ЖОЛТА ФАЗА

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, територијата на целата држава е зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: -Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 […]

Панел дискусија во Министерството за здравство за придобивки од доењето

Во Министерството за здравство вчера се одржа панел дискусија, во пресрет на Светска недела на доење, што годинава од 1 до 7 август, се одбележува под мотото „Сите заедно да го одржиме доењето“. Република Македонија има изготвено Програма за мајки и деца, Акциски план за исхрана, Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје, изготвен е и […]

ВТОР ДЕН ОД РАБОТНАТА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ВО САД

Министерот Таравари, вториот ден од посетата го започна со средба со конгресменот Ден Донован, член на Комитетот за надворешни работи, со кого разговараше за моменталната политичка состојба во Македонија и клучната улога на Министерството за здравство во новата реформска влада. Министерот оствари средба и со со г-дин Магди Елтерази од Универзитетската болница „Џорџ Вашингон“, како […]

Што сработивме досега?

Во првите 50 дена Министерството за здравство, под лидерство на д-р Арбен Таравари, се фокусираше на развој на стратешки план за системски решенија на постојните проблеми и предизвици во македонското здравство. • МОЈ Термин – договоривме средби за поширок дијалог и изнаоѓање заеднички оптимални решенија. Се работи за унапредување на системот, во однос на зголемување […]