Новости

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

-Со цел заштита на населението од високите температури, се препорачува во периодот од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. -Да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, а да се […]

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ НА КБ БИТОЛА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ

Извештај за работата на менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола во период од една година 07.08 2017-07.08.2018 Реконструкцијa: 1.Хортикултурно уредување на дворот 2. Поставен систем на наводнување капка по капка 3. Почнати подготовки и почнати активности за искористување техничка вода 4. Замена и санирање на одводен канал и канализација на интернистички амбуланти 5. Санирање на 4 […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕ – „ДОЕЊЕТО ОСНОВА НА ЖИВОТОТ“

Светската недела на доење, традиционално, се одбележува од 1 до 7 август, со годинешното мото „Доењето основа на животот“. Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за детски болести, Здравствен дом Скопје, Заводот за здравствена заштита на мајките и децата, како и останатите јавни здравствени установи реализираат повеќе активности, потенцирајќи ја важноста на доењето. За […]

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА БАРДОВЦИ

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса, денеска ја посети Психијатриската болница Бардовци и одржа работен состанок со раководството на оваа јавна здравствена установа.    Во рамки на посетата, заменик министерот изврши увид во новоизградените простории, каде ќе бидат сместени две нови одделенија. Врз основа на извршениот увид, утврден е инвентарот кој е потребно да […]

ВО МЗ ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД НВО

Во Министерството за здравство денеска се одржа состанок со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, како и со претставници од повеќе надлежни институции и невладиниот сектор, на кој беа презентирани и предложени краткорочни и долгорочни мерки за решавање на проблемот со Центарот за превенција и третман на завиности – Кисела Вода. Државниот секретар во Министерството […]

ПРИЈАВЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО ДЕБАРСКО, ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ НА ТЕРЕН И ПРЕПОРАКИ ДО ЈАВНОСТА

Информација за пријавена епидемија на мали сипаници на подрачјето на ПЕ Дебар На 17.07.2018 година, до Институтот за јавно здравје е пријавена епидемија на мали сипаници на територијата на ПЕ Дебар, со вкупно 9 заболени лица. Заклучно со 19.07.2018 (петок), бројот на заболени лица во епидемијата се зголеми на 17 случаи. Сите заболени во епидемијата […]

ПРЕКИНАТ ТЕНДЕРОТ ЗА РЕАГЕНСИ, КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

На тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на јавните здравствени установи во РМ се јави само еден економски оператор. Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот на нејзиното отварање. Првичната евалуација укажува на недостатоци […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ СКЛУЧИЛО ДОГОВОР И ФИРМАТА КОЈА СЕ СПОМЕНУВА ВО ЈАВНОСТ НЕ ГО ДОБИЛА ТЕНДЕРОТ. ДОКОЛКУ ИМА НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ПОСТАПКАТА, СПРЕМНИ СМЕ ДА ЈА ПОНИШТИМЕ!

Почитувани, Во изминативе неколку денови во јавноста проструија многу невистини, шпекулации и обвинувања во врска со тендерската постапка за набавка на реагенси за ЈЗУ-та во РМ. Концептот за централизација на медицинските лаборатории е од голем бенефит за македонските граѓани. Овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме со цел […]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА ТЕСТОВИ И РЕАГЕНСИ ЗА БИОХЕМИСКИ, ИМУНОЛОШКИ, ХЕМАТОЛОШКИ, КОАГУЛАЦИОНИ И ГАСНИ АНАЛИЗИ

Почитувани, На 16.07.2018 во 13.00 часот се отвори тендерот за набавка на Тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи во РМ со  оглас бр. 16/2018, во законски рок, а  до крајниот рок за поднесување на понуди […]

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ НА ЛИЦАТА СМЕСТЕНИ ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ ЗАВОД ВО ДЕМИР КАПИЈА

Минисерот за здравство, Венко Филипче, заеднос со министерската за Мила Царовска и претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс го посетија Специјалниот завод во Демир Капија, каде се вршат  превентивни здравствени прегледи за лицата сместени во оваа институција. Прегледите опфаќаат општ систематски преглед, како и целосен гинеколошки, дерматолошки и стоматолошки преглед. Министерот Филипче, информираше дека […]