Новости

МИНИСТЕРОТ САЛИ НА СРЕДБА СО КОМОРИТЕ – ДОГОВОРЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали одржа работна средба со претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора,  на која беше разговарано за измените и дополнувања на Законот за здравствената заштита во контекст на тековните реформи во примарната здравствена заштита, дополнителната дејност и дополнителната работа на лекарите, фармацевтската дејност и стоматолошката здравствена заштита. На средбата беа […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР Д-Р ХАСАНИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОСТАНОК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО – СО ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО ДО ЗДРАВИ ВРАБОТЕНИ И ПРОДУКТИВНА РАБОТА

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Јусуф Хасани присуствуваше на националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“, организиран во соработка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ – Скопје и Институтот за медицина на труд – Колаборативен центар на СЗО, со поддршка од Канцеларијата на Светската здравствена организација […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ НА ФОРУМ ВО ТИРАНА ПОСВЕТЕН НА ЗДРАВЈЕТО И ДОБРОСОСТОЈБАТА НА МЛАДИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, учествуваше на форумот посветен на здравјето и добросостојбата на младите од земјите од Западен Балкан, што се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и претставништвото на УНФПА, како и младинските организации од државата.  – Пандемијата со Ковид-19 ни покажа дека младите се […]

КЛУЧНО РАНОТО ПРЕПОЗНАВАЊЕ И БРЗАТА РЕАКЦИЈА – ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА МОЗОЧЕН УДАР

Раното препознавање на знаците за мозочен удар е клучно, со цел навремен транспорт до најблискиот центар каде е достапна тромболитичната терапија, а со тоа и намалување на последиците од истиот. По повод одбележување на Светскиот ден на мозочен удар, на денешниот настан министерот за здравство, д-р Беким Сали ја потенцираше посветеноста на Здружението за борба […]

ОБУКА ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ НАМЕНЕТА ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

На тема „Зајакнување на регионалната соработка и зајакнување на механизмите за идентификација за жртви на трговија со луѓе и потенцијални жртви во Западен Балкан“, се одржа обука наменета за здравствените работници од повеќе области. Креирани се здравствени индикатори и стандардни оперативни процедури (СОП) за постапување во итни ситуации. Во подготовката на овие документи како и […]

ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН ЗА ВАКЦИНАЦИЈА „ЗАШТИТЕНИ ЗАЕДНО–ВАКЦИНИТЕ ДЕЛУВААТ“

Министерството за здравство со поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО) денеска го започна информативниот караван за вакцинација, кој следните осум дена ќе патува низ 24 локации низ целата земја. Под слоганот „Заштитени заедно – вакцините делуваат“ караванот ќе пренесе информации до локалните […]

ПОЧНА БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЗА РИЗИЧНИ ГРУПИ НАСЕЛЕНИЕ

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население почна од денеска во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Во Скопје и на три пункта во поликлиниките – Идадија, Ѓорче  Петров и Бит пазар. Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, досега се веќе […]

ПРОДОЛЖУВА НАЦИОНАЛНАТА СКРИНИНГ ПРОГРАМА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ РАК НА ДОЈКА, СЕ НАБАВУВААТ НОВИ МАМОГРАФИ ЗА ЈЗУ ВО ДРЖАВАТА

Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените и месец октомври е посветен токму на борбата против ракот на дојка, неговата превенција и рано  детектирање.  Со цел навремена дијагностика и рано откривање на ова заболување, Министерството за здравство информира дека од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка.   Ова […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ ГО ОТВОРИ ЦЕНТАРОТ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КОЧАНИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска го отвори Центарот за ментално здравје во рамки на Општата болница со проширена дејност во Кочани. На свеченоста по повод отворањето присуствуваше и раководителката на канцеларијата на Светската здравствена организција (СЗО) во Скопје, Ане Јохансен, како и претставници од ресорното министерство и вработени во кочанската болница. Директорот на […]

ПРОМОВИРАН НОВ АНГИОГРАФ НА ИНСТИТУТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 47.2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, кој е единствен во приватниот и државниот сектор кај нас и во соседните држави, промовиравме денес на Институтот за радиологија. Апаратот е во вредност од 47.2 милиони денари, набавен со средства од Министерството за здравство, и може да се користи за изведување на сите радиолошки, невролошки, како и […]