Новости

МЕЏИТИ: ПОКАЖАВ КАКО ТРЕБА ДА РАБОТИ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, НАПРАВИВМЕ СЕРИОЗНО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, на денешниот брифинг за новинарите одговараше на најактуелните прашања во јавното здравство. Во своето излагање, тој потенцираше дека за 11 месеци покажале како треба да работи еден министер за тоа во што верува и сака да го спроведе во интерес на граѓаните и пациентите. Во изминатиот период се направени […]

ФОРМИРАМЕ НОВ УРГЕНТЕН ИНТЕРНИСТИЧКИ ЦЕНТАР, НАПРАВИВМЕ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска заедно со главниот финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Маја Стевкова Штериева и директорот на кластер Западен Балкан, Фармација при „Алкалоид“ АД Скопје, Владимир Индов, потпишаа договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија. -Исполнуваме уште едно ветување, […]

СОЗДАДОВМЕ СИСТЕМ ЗА КОРИСТЕЊЕ СВЕТСКИ ИСКУСТВА ВО ЛЕКУВАЊЕ КАРЦИНОМ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика по повод воспоставување национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава. -Првпат воспоставуваме […]

ПЕТСТОТИНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ – ОРГАНОДОНОРСТВОТО СПАСУВА ЖИВОТИ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство. Во декември успешно се изведе јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка која била во тешка состојба. Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е […]

САМО ЗАЕДНИЧКИ МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ УСПЕХ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО АНТИМИКРОБНАТА РЕЗИСТЕНЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска на стручен настан посветен на антимикробната резистенција потенцираше дека само заеднички може да се постигне успех во справувањето со антимикробната резистенција.  прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција. -Антимикробната резистенција е глобален предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи. […]

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ХЕМАТОПОЕТСКИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за хематологија по повод пуштање во употреба на новоотворениот Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија. Центарот е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на […]

ОПШТА БОЛНИЦА ВЕЛЕС СО НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВРЕДНОСТ ОД ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Во општа болница Велес инсталирана е нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија, набавен од Министерството за здравство во вредност од четири милиони денари, што веќе е поставен во операционата сала, потребен за подобро функционирање на одделот за анестезија. Набавен е и нов респиратор со средства од Министерството во износ од три […]

МЕЏИТИ: ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ЗДРАВСТВОТО ПОДДРЖАНИ ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во своето излагање на годишната конференција „Година на европски можности“ посочи дека е започната реформа во примарната здравствена заштита, со тоа што пациентите веќе не мора да одат кај специјалисти за основни потреби, а матичните лекари се чувствуваат ценети. -Ние сме земја пример за спроведување на оваа реформа во […]

НОВ ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР И НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија по повод отворање нов дијагностички центар и набавка на нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, обезбедени од Министерството за здравство. Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, […]

МЕЏИТИ: НОВ ЛАПАРОСКОП ЗА ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА, ЈА УНАПРЕДУВАМЕ СПЕЦИЈАЛНОСТА УРОЛОГИЈА ВО УСТАНОВАТА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар по повод набавка на нов лапароскоп на одделот за урологија. -Со ова првпат во областа на урологија ќе се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и ќе нема потреба пациентите да се упатуваат во Скопје за овој тип интервенции. Лапароскопската и […]