Новости

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО РОДЕНО БЕБЕ ВО 2021 ГОДИНА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година. Триесет и пет годишната Бојана Миланова, роди здраво машко дете тешко 3650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Миланови. Само неколку […]

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ВО НОВАТА 2021 ГОДИНА ПОСАКУВАМ ЗДРАВЈЕ И СПОКОЈ ЗА СИТЕ, МНОГУ ПОВЕЌЕ СРЕЌНИ МОМЕНТИ И УСПЕХ НА СИТЕ ПОЛИЊА

Почитувани граѓани, Поминавме исклучително тешка година. Секој од нас носи своја жртва и свое бреме. Семејствата кои загубија близок, оние кои ја добија битката со вирусот, здравствените работници кои не подклекнаа под притисокот и продолжија неуморно да се борат за секој човечки живот, граѓаните, компаниите. Оваа година, колку и да сакаме, не можеме да ја […]

РЕГИСТРИРАНИ 536 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 83329, ОЗДРАВЕНИ 741 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 15 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-213, Куманово-18,  Дебар-13, Штип-13, Прилеп-37, Тетово-30, Струга-23, Велес-17, Битола-29, Охрид-18, Кавадарци-23, Гостивар-13, Гевгелија-7, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-6, Кичево-2, Ресен-5, Неготино-11.  Институтот […]

ДОНАЦИЈА НА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн присуствуваа на примопредавање на донација од Министерството за надворешни работи на Германија за поликлиниката во општина Шуто Оризари.  Министерот Филипче се заблагодари на амбасадорката Холштајн за поддршката и помошта која ја дава на здравствениот сектор од почетокот на ковид кризата и […]

СЗО ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19

Светската здравствена организација во 2020 година, во земјава донираше заштитна опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион донари за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 вирусот. Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за Ковид 19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земајата за да се овозможи […]

РЕГИСТРИРАНИ 493 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 82794, ОЗДРАВЕНИ 450 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 15 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-210, Куманово-28,  Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.   […]

ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ДАНИЛОВСКИ, ДОГОВОРИЈА НАТАМОШНА СОРАБОТКА ВО ПРОШИРЕН СОСТАВ СО ПЕНЗИОНИРАНИ ПРОФЕСОРИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска оствари средба со проф. д-р Драган Даниловски на која се договорија да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.  -,На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Даниловски […]

РЕГИСТРИРАНИ 498 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 82301, ОЗДРАВЕНИ 606 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 17 ЛИЦA

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, а регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-246, Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.   Институтот за […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ЗА ПЕРИОДОТ 21-27 ДЕКЕМВРИ 2020Г: ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ И ПОЧИНАТИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември 2020г. тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во […]

СЗО ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче од претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила, прими донација на медицинска опрема за Клиниката за неврологија. СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите – пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации, 50 пулс-оксиметри и 50 инфрацрвени […]