ПРЕС ЦЕНТАР

СО МЕРКИТЕ КОИШТО ГИ ПРЕЗЕДОВМЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ ДВЕ ГОДИНИ ОТВОРАМЕ ОПЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ДОКТОРИ

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска, оствари средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од академската 2018/2019 година, коишто оствариле 10,00 просек. Им честита на постигнатиот успех и им посака градење кариерата во нашата држава, каде што значително се подобрени условите за вработувањата за младите и просперитетни […]

И СОРАБОТНИЦИТЕ ВО СЕКТОРОТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ЌЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД 5%

Дополнително зголемување на платите од 5% ќе добијат и соработниците во секторот на јавното здравство. Покачувањето на платите на соработниците ќе започне од јуни 2020 година. Јавното здравство во текот на 2019 и со тоа што ќе следи во тековната година добива рекордно зголемување на платите во сите сектори. Здравствените кадри за првпат во постоењето […]

НОВ АНГИОГРАФ ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ЗА ПОДОБРА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија е усвоена информација за набавка на нова медицинска опрема – ангиограф за потребите на Институт за радиологија, со средства од програмите на Министерството за здравство. Вредноста на ангиографот изнесува 60 милиони денари. Имајќи го предвид растечкиот тренд на кардиоваскуларни болести и посебно болестите на крвните садови, […]

ВО ФИКЦИЈАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА Т.Н „СЛУЧАЈ РЕКЕТ 3“ – НЕМА СЛУЧАЈ!

Во фикцијата на опозицијата така наречена „случај Рекет 3” – нема случај! Партијата која носи предзнак на најголем криминал продолжува со старата практика – со создадени случаи да ги манипулира граѓаните „Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство по институционален пат ги отфрли сите обвинувања во врска со паушално објавените наводи поврзани со реализацијата […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА НА ЛЕКАР СПЕЦИЈАЛИСТ СО ДЕЖУРСТВА ВО 2020 ГОДИНА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Горан Беговиќ, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа дека во текот на минатата недела е потпишан Колективен договор со кој од први февруари се зголемува коефициентот […]

НАПРАВИВМЕ РЕКОРДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ

Квалификуван и мотивиран медицински кадар е еден од основните предуслови за квалитетно здравство. Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во човечкиот капитал. За период од две години, дадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања во јавното здравство. За најмалку 10% е зголемен капацитетот со човечки капитал во секоја јавно-здравствена установа. Направено е рекордно […]

СО ВИСТИНСКИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ ДВОЈНО ЈА НАМАЛИВМЕ СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

Клиниката за гинекологија и акушерство е позитивен пример за успешно функционирање. Во изминатиот период, направени се значајни подобрување, со што подигнатa e здравствената заштита на повисоко ниво. „Со вистински здравствени политики двојно ја намаливме смртноста на предвремено родените бебиња. Спроведовме обуки за ефективна перинатална грижа и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките […]

АНАСТАСИЈА И ГАБРИЕЛ СЕ ПРВИТЕ РОДЕНИ БЕБИЊА – БЛИЗНАЧИЊА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани, денеска ги посетија родилката и првите родени бебиња – близнаци на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. „Првпат на Клиниката во новата година имаме раѓање на близнаци. Тоа ќе ја одбележи 2020 […]

ВЕЧЕРВА Е ОПОЖАРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ, ПОВРЕДЕНИ НЕМА, ДРУГИ ПРОСТОРИИ НЕ СЕ ЗАФАТЕНИ

Министерството за здравство информира дека вечерва е опожарена канцеларија (архивска просторија) во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Од пожарот повредени нема, други простории не се зафатени и причинета е материјална штета. Од страна на противпожарната единица пожарот е изгаснат. Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВИ ПОСАКУВАМ ДОБРО ЗДРАВЈЕ, СРЕЌНА И УСПЕШНА 2020 ГОДИНА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче им ја честиташе новата 2020 година на сите граѓани, посакувајќи им добро здравје, среќна и успешна година. „Поминавме период исполнет со многу предизвици, но и со многу успешни проекти кои ни даваат мотивација за да продолжиме уште посилно следната година. Од првиот ден, на оваа Влада, и беше […]