И ВТОРИОТ РЕЗУЛТАТ ОД ТЕСТИРАЊЕТО НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ Е НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен на коронавирус. „Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и […]

ДОНЕСЕНИ МЕРКИ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ПРВОМАЈСКИ ВИКЕНД, ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ ЗА ДА ГО ВРАТИМЕ НАШИОТ ЖИВОТ ВО НОРМАЛА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги информираше граѓаните со најновите информации со состојбата со КОВИД-19. „Денеска се регистрирани 36 оздравени пациенти, во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар-2. За жал имаме 6 пациенти коишто се починати, двајца пациенти од Прилеп, на Клиниката за инфективни болести, едниот на 58-годишна […]

ОЗДРАВЕНИ СЕ 36 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ СЕ 26 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 1326, ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7. На Инфективната клиника во Скопје почина […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА

Министерството за здравство информира дека, по информација дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваше и Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, е позитивен на Ковид-19, министерот Филипче од денеска ќе биде во домашна изолација. За време на состанокот, министерот Филипче ги почитуваше сите […]

ПРВАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНА ВИРУС ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација. Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба […]

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 СО КОЈА СИТЕ НЕЈЗИНИ МЕРКИ ДОБИВААТ ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: И ВТОРИОТ ТЕСТИРАН ПАЦИЕНТ, НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека и вториот пациент е негативен на корона вирус. Се работи за лице кое по 6 дена престој во Дубаи пристигнало со лет во Скопје. Пациентот има инфлуенца тип Б. Инфективното одделение во штипската болница ќе биде по потреба просторија за изолација, а […]

СЕ ПОДИГНУВА СТЕПЕНОТ НА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО ЕВЕНТУАЛНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за здравство, Венко Филипче, одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која се констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво. Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција и справување со евентуални […]

JАПОНСКАТА АМБАСАДА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИМААТ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, КАДЕ ШТО И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ГИ УНАПРЕДУВАМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Доц. Д-р. Венко Филипче попладнево се обрати на настанот организиран од страна на Јапонската амбасада, каде што се одбележа досегашната успешна соработка, со исклучително значаен и континуиран придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава.Преку јапонскиот грант за мали проекти, кој е само еден од низата грантови од Јапонската амбасада, беше потпишувањето на Медицинскиот […]

ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ЕВРОПА ХАНС КЛУГЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге. Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети […]