Одд. за односи со јавност

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДЕНЕСКА ДОНЕСЕ НАРЕДБИ – ЕДНА ЗА МЕРКИ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА, ОРГАНИЗАЦИЈА И РАСПОРЕД НА РАБОТАТА НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ И ЕДНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА САМОИЗОЛАЦИЈА СО ДАВАЊЕ ПИСМЕНА ИЗЈАВА ПОД ПОЛНА МАТЕРИЈАЛНА, МОРАЛНА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ

Денеска Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија број 58/2000, 44/2002, 82/2008 и 51/2011), член 55 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Службен весник на Република Македонија број 66/2004,139/2008,99/2009,149/2014,150/2015 […]

ПРВАТА ПАЦИЕНТКА СО КОРОНА ВИРУС ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ

Министерството за здравство информира дека првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација. Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба […]

ФИЛИПЧЕ: ВО МОМЕНТОВ 12 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУС, СЕ ТЕСТИРААТ УШТЕ 9 ЛИЦА, ДО ВЛАДАТА ЌЕ СЕ ДОСТАВИ ПРЕДЛОГ ЗА ЗАТВАРАЊЕ НА МОЛОВИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во земјава. „Во овој момент ги очекуваме од Дебар да пристигнат новодијагностицираните четворица пациенти. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се уште се досега 9те, односно 8 практично, заради тоа што прво заболената пациентка во понеделник ќе […]

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 СО КОЈА СИТЕ НЕЈЗИНИ МЕРКИ ДОБИВААТ ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и […]

ТЕСТИРАНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ОД СТРУМИЦА ПОВРЗАНИ СО ПРВАТА ПАЦИЕНТКА – ТЕСТОВИТЕ НЕГАТИВНИ, ПОПЛАДНЕВО ТЕСТИРАНИ УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА СО ИНДИКАЦИИ И НИВНИТЕ ТЕСТОВИ СЕ НЕГАТИВНИ

Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус се тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Претпладнево беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на коронавирустот. Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: И ВТОРИОТ ТЕСТИРАН ПАЦИЕНТ, НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека и вториот пациент е негативен на корона вирус. Се работи за лице кое по 6 дена престој во Дубаи пристигнало со лет во Скопје. Пациентот има инфлуенца тип Б. Инфективното одделение во штипската болница ќе биде по потреба просторија за изолација, а […]

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС НА ЕДНО ЛИЦЕ СО СИМПТОМИ НА ГРИП, РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ДА БИДАТ ГОТОВИ ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ЧАСА, ЗА ШТО ВЕДНАШ ЌЕ ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА

Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ […]

СЕ ПОДИГНУВА СТЕПЕНОТ НА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО ЕВЕНТУАЛНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за здравство, Венко Филипче, одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која се констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво. Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција и справување со евентуални […]

JАПОНСКАТА АМБАСАДА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИМААТ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, КАДЕ ШТО И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ГИ УНАПРЕДУВАМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Доц. Д-р. Венко Филипче попладнево се обрати на настанот организиран од страна на Јапонската амбасада, каде што се одбележа досегашната успешна соработка, со исклучително значаен и континуиран придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава.Преку јапонскиот грант за мали проекти, кој е само еден од низата грантови од Јапонската амбасада, беше потпишувањето на Медицинскиот […]

ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ЕВРОПА ХАНС КЛУГЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге. Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети […]