Соопштенија

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО објавува КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА на локација во општина Аеродром Министерството за здравство информира дека е распишан Конкурс за избор на Идеен проект за Нова Градска болница на локација во општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде што се објавени […]

ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ЗДРАВСТВО НА ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „РАЗВОЈ НА ИНТЕГРИРАН ЗДРАВСТВЕН ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ“

Управата за електронско здравство користејќи го инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија  (TAIEX) во текот на денешниот и утрешниот ден (11 и 12 јуни)  организира работилница на тема „Развој на интегриран здравствен информатички систем“. Целта на работилницата е споделување на најдобрите практики на ЕУ за воспоставување на напреден здравствен информатички […]

ТРИБИНА „ИНВЕСТИРАМЕ ВО МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ, ИДНИНАТА НА ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА“

Министерството за здравство денеска организираше трибина на тема „Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“, чија цел беше да се слушнат ставовите на специјализантите и да се спречи се поголемиот одлив на лекари надвор од Македонија, но и на друг медицински персонал. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за […]

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев во посета на Јавната здравствена установа Психијатриската болница – Негорци

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев, беше во обиколка на Јавната здравствена установа Психијатриската болница – Негорци каде заедно со раководството на оваа болница ја разгледаа актуелната состојба во оваа установа, како и условите за третман на овие пациенти. Токму со цел, унапредување на третманот во оваа област, д-р Милошев информираше  дека во подготовка е Национална […]

Продолжува имплементацијата на Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај децата

Mинистерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестација „Здрави заби, блескава насмевка“, која се одржа во ОУ „Петар Поп Аросов“,  каде посочи дека анализата од десетгодишната Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст покажала одлични резултати и дека поради таа причина, слична Стратегија ќе биде имплементирана и во наредните […]

НОВА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје е пуштена во употреба нова сензорна соба наменета за деца кои имаат пречки во развојот. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче истакна дека се работи за комплетно реновирани простории со средства од буџетот на институцијата кои досега биле целосно затворени. – Станува збор за […]

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Милошев, во посета на Општата болница и Здравствениот дом во Кичево

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Кичево, при што  одржа состанок со директорите и стручниот колегиум на двете установи. Целта на посетата е согледување на актуелните состојби и потреби на установите во насока на унапредување на условите за персоналот и пациентите. На самиот […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ ТУТУН

Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството за здравство и годинава во соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје традиционално го одбележува Светскиот ден без тутутн. Со оваа кампања и со заеднички заложби на сите засегнати страни во превенција и намалување на употребата на тутун, можеме многу да постигнеме во унапредување […]

ТРИБИНА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТРЕТМАНОТ НА РАК НА КОЖА

Денеска во просториите на Медицинскиот факултет се одржа трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Клиниката за онокологија. Министерот за здравство д-р Венко Филипче на трибината истакна дека се работи на проширување на листата на […]

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКИ ТРАУМАТИЗАМ ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Посттрауматски повреди на професионални спортисти и оние кои се занимаваат со рекреативен спорт ќе бидат третирани во Центарот за спортски трауматизам кој беше отворен во Одделението за ортопедија и трауматологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Министерот д-р Филипче истакна дека ќе има систем за закажување за хронични пациенти, но и итни пациенти кои […]