Соопштенија

Потврдени уште девет случаи на грип, шест со H1N1

Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), уште кај девет пациенти докажано е присуство на вирусот на грип, изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Соопштение за состојба со грип

Скопје, 16.01.2013-Комисијата за следење на состојбата со грип на вчерашната редовна работна средба ја разгледа состојбата со грип во државата, при што беше заклучено дека бројот на клиничи дијагностицирани заболени од грип е помал, во однос на бројот на заболени во истиот период лани, со тенденција за зголемување на бројот на заболени во следниот период.

Нови 800 вработувања во јавното здравство

Владата на последната седница на предлог на Министерството за здравство и со согласност на Министерството за финансии донесе одлука со која одобри вработувања на нови 800 лица во јавните здравствени установи и тоа со акцент на медицински сестри, лаборанти, медицински техничари, среден медицински персонал итн. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола [...]

Доставен бодовникот со тежинските коефициенти за системот Плаќање по учинок

Министерството за здравство на Република Македонија информира дека со цел уште подобра имплементација на системот за Плаќање по учинок, и врз основа на разговорите во Владата на Република Македонија помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија и Министерот за здравство на Република Македонија со претставници на синдикатите на лекарите, до директорите на јавните здравствени установи [...]