Соопштенија

ПРИЈАВЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО ДЕБАРСКО, ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ НА ТЕРЕН И ПРЕПОРАКИ ДО ЈАВНОСТА

Информација за пријавена епидемија на мали сипаници на подрачјето на ПЕ Дебар На 17.07.2018 година, до Институтот за јавно здравје е пријавена епидемија на мали сипаници на територијата на ПЕ Дебар, со вкупно 9 заболени лица. Заклучно со 19.07.2018 (петок), бројот на заболени лица во епидемијата се зголеми на 17 случаи. Сите заболени во епидемијата […]

ПРЕКИНАТ ТЕНДЕРОТ ЗА РЕАГЕНСИ, КОНСТАТИРАНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

На тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на јавните здравствени установи во РМ се јави само еден економски оператор. Интензивно работевме на евалуација на понудата од моментот на нејзиното отварање. Првичната евалуација укажува на недостатоци […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НЕ СКЛУЧИЛО ДОГОВОР И ФИРМАТА КОЈА СЕ СПОМЕНУВА ВО ЈАВНОСТ НЕ ГО ДОБИЛА ТЕНДЕРОТ. ДОКОЛКУ ИМА НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ПОСТАПКАТА, СПРЕМНИ СМЕ ДА ЈА ПОНИШТИМЕ!

Почитувани, Во изминативе неколку денови во јавноста проструија многу невистини, шпекулации и обвинувања во врска со тендерската постапка за набавка на реагенси за ЈЗУ-та во РМ. Концептот за централизација на медицинските лаборатории е од голем бенефит за македонските граѓани. Овој проект е во насока на остварување на европски модел за кој се стремиме со цел […]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА ТЕСТОВИ И РЕАГЕНСИ ЗА БИОХЕМИСКИ, ИМУНОЛОШКИ, ХЕМАТОЛОШКИ, КОАГУЛАЦИОНИ И ГАСНИ АНАЛИЗИ

Почитувани, На 16.07.2018 во 13.00 часот се отвори тендерот за набавка на Тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема (анализатори) на бесплатно користење за потребите на Јавните здравствени установи во РМ со  оглас бр. 16/2018, во законски рок, а  до крајниот рок за поднесување на понуди […]

ИНФОРМАЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општа болница Гевгелија петтиот ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло во Клинички Центар Скопје. Од КАРИЛ информираат дека е примена во исклучително тешка состојба и е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, но по две недели […]

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И ДООПРЕМУВАЊЕ НА РОДИЛИШТАТА ВО ДРЖАВАТА

Проценка на постојните капацитети на неколку родилишта низ државата со цел нивно зајакнување со посебен акцент на состојбата со опрема ќе извршат претставници од организацијата „Проект Хоуп“, при што ќе бидат обезбедени стандардни пакети опрема за гинеколошките и педијатриските оддели на Клиничката болница во Тетово и Општата болница во Куманово во вредност од над 200 илјади […]

Информација од ДСЗИ во врска со вонреден инспекциски надзор за претепаното 14-месечно бебе

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова во врска со случајот со претепаното бебе информира дека ДСЗИ има постапено во рамки на нивните надлежности односно извршиле вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на претепаното 14-месечно бебе и во вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Јане Сандански“. Посочи дека констатирале дека детето пет пати било носено на преглед […]

ЕВИДЕНТИРАН ПАД НА ДОЕНЕЧКИ МОРТАЛИТЕТ НА ГАК

Мерките кои ги спроведе Владата на Република македонијаи Министерство за здравство во делот на намалување на смртност кај новороденчињата даваат одлични резултати. Во периодот од 01.01 до 31.06.2018 година е евидентиран пад од 6,7% на смртноста кај новороденчињата, во однос на претходната година истиот период. Статистиката вели дека годинава во првите шест месеци имаме 57 починати […]

ОТВОРЕНИ ЦЕНТРИ ЗА УПАТУВАЊЕ ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВО СКОПЈЕ, КУМАНОВО И ТЕТОВО

Во Општа болница Куманово се отвори Центар за упатување жртви на сексуално насилство. Истовремено, вакви центри ќе функционираат и во Клиничка болница Тетово и во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Отворањето на центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство е поддржано од Владата на Република Македонија, Обединетите нации (агенциите УНДП и УНФПА), […]

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДВОРОТ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани денеска присуствуваа на акцијата за чистење во кругот на Клинички центар, при што најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар.  – На праг сме на решение на оваа состојба. ЈП […]