Соопштенија

ФИЛИПЧЕ: ОД 26% НА 8% НАМАЛЕНА СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

Една од главните заложби на Министерството за здравство во изминатите години беше унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство. Со задоволство може да констатираме дека оваа заложба ја претворивме во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати, ги унапреди условите за родилките и обезбеди […]

ИЗМЕНИТЕ НА ЗЗЗ НОСАТ КРУПНИ ПРОМЕНИ ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОГОЛЕМА ЗАРАБОТКА НА ЛЕКАРИТЕ И ПОДОСТАПНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Крупни промени во здравствениот систем, гарантираат новите измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Влада на РСМ.   Со новините во законската регулатива се отвора можност лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.657.833 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 47% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 4.961 доза вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се […]

НАБАВЕНИ НАЈСОФИСТИЦИРАНИ И НАЈСОВРЕМЕНИ АПАРАТИ ЗА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување на оваа клиника.   Станува збор за CR […]

71% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19 во период од 6 август заклучно со 11 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата […]

ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА VAKCINACIJA.MK

Од рано утринава се отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип. Заинтересираните граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака смс ќе добијат термин. Годинава се обезбедни 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително се обезбедени и 11 илјади вакцини за комерцијална употреба. […]

ВЛАДАТА НА САД ПРЕКУ УСАИД, УНИЦЕФ И СЗО СО КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА НАШАТА ЗЕМЈА ЗА СООДВЕТЕН ОДГОВОР НА КОВИД-19

Владата на САД од почетокот на пандемијата безрезервно ни дава поддршка како за справување со ковид кризата, така и во процесот на вакцинација и за подобрување на здравствениот систем во државата. На средбата со н.е. Кејт Мари Брнз, амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, д-р Џихан Тавила од СЗО, Патриција ДиЏовани УНИЦЕФ, Ерик Јановски […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.633.125 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 46% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во четвртокот, петокот и во текот на викендот биле аплицирани вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со  7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. 54% од граѓаните над 40 […]

72% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И 78% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СО КОВИД 19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 04.11.2021 на територија на државата […]

ВО ТЕК ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерството за здравство информира дека преку страницата vakcinacija.mk почнува пријавувањето за вакцинација од сезонски грип. Oваа година се набавени 40.000 бесплатни дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи. Вакцинацијата против сезонски грип ќе се врши на вакциналните пунктови во  Центрите за јавно здравје, како и во поликлиниките каде нема вакцинација за Ковид 19, […]