Соопштенија

47% ОД НАСЕЛЕНИЕТО НАД 18 ГОДИНИ ВАКЦИНИРАНО СО ПРВА ДОЗА ВАКЦИНА

На територијата на целата држава вакцинацијата се одвива со добро темпо, заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 се вакцинирани 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата меѓу 18-39 години опфатот со една доза вакцина изнесува 31%. […]

ПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО ТРЕТА ДОЗА – ФАЈЗЕР БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН НА СИТЕ ВАКЦИНАЛНИ ПУНКТОВИ ВО ДРЖАВАТА

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат: здравствените работници, граѓаните над 60 години,  и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина. Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, […]

78% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И 80% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ, СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август, заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата, кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање втора доза вакцина. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.482.287 ДОЗИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 703.878 ГРАЃАНИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани. 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина. 31% од населението […]

ПРЕКУ КОВАКС МЕХАНИЗМОТ ПРИСТИГНАА 110.612 ВАКЦИНИ ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ФАЈЗЕР-БИОНТЕК

Пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот.До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, се дистрибуирани до […]

ИЈЗ: МИНАТАТА НЕДЕЛА ПОМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВАКЦИНИРАНИ ВКУПНО 774.422 ГРАЃАНИ

Последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека за 40% е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почеток на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август. Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска возраст, основно […]

ВЧЕРА АПЛИЦИРАНИ 13.493 ВАКЦИНИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани […]

ЦЕНТАРОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА НА БОЛЕСТИ НА САД СО НОВА СТУДИЈА КОЈА ЈА НАГЛАСУВА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Центарот за превенција и контрола на болести на САД(CDC) објави нова студија, која јасно ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 против сериозни болести или смрт. Оваа студија е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури десетпати е […]

80% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ и 84% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 06 август заклучно со 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 09.09.2021 на територија на државата 26.053 граѓани, […]

ПУНКТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА И НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Младите граѓани се оние кои се во моментов најизложени на ковид вирусот и тие се главни медијатори, поради комуникацијата со своите соученици и другари. Од четвртокот е отворен нов пункт за вакцинација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани, со […]