Соопштенија

МЗ:ПРИСТИГНА НАЈСОВРЕМЕНАТА ТЕРАПИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право […]

ВЧЕРА ВАКЦИНИРАНИ 9.335 ЛИЦА – ДОСЕГА ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 676.620 ДОЗИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 248.539 ГРАЃАНИ

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани. Со […]

ФИЛИПЧЕ ГО ПОСЕТИ НОВООТВОРЕНИОТ ПУНКТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари, и каде граѓаните од оваа општина, од денеска ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без закажан термин. Пунктот за вакцинација во оваа општина почна да работи од денеска, а работното време на истиот ќе биде од понеделник […]

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА

Теренската вакцинација започнува денеска во овие населени места во секоја од следните општини: Делчево – Дулица Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште Ресен –  Долно Дупени, Љубојно, Брајчино Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ   Свети Николе – Лозово Кратово […]

ПРВПАТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ВГРАДЕН СТИМУЛАТОР НА НЕРВОТ ВАГУС, ТЕРАПИЈА ЗА НАЈТЕШКА ФОРМА НА ЕПИЛЕПСИЈА

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за неврохирургија, заедно со тим лекари од Клиниката за неврологија, кај 36 годишна пациентка беше успешно вгарден стимулатор на нервот вагус. Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови. Операцијата опфаќа […]

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување термини. Започнува и теренската вакцинација, којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата. Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе […]

НАЈСОВРЕМЕНИ МЕДИЦИНСКИ АПАРАТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА КОВИД ЦЕНТРИТЕ

Министерството за здравство информира дека во рамки на проектот за итно справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, финансиран со заем од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати.Во текот на вчерашниот ден почна испораката и инсталација на апаратите и тие се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, […]

ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постојните  вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Почнувајќи од 12 јули (понеделник) ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или […]

ОДОБРЕНИ СЕ 498 СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ И 87 СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ

Младите лекари да не стравуваат, затоа што имплементирањето на политиките коишто се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив. Ова утрово го потенцираше министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој истакна дека Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата на Република Северна Македонија. Вкупно […]

СТИГНАА 10 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „АСТРА ЗЕНЕКА“ ОД ХРВАТСКА, НАЈАВЕНИ УШТЕ 20 ИЛЈАДИ

Во текот на вчерашниот ден во земјава пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“. Тие од почетокот на следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“, што ќе биде практично […]