Соопштенија

РЕАКЦИЈА ВО ВРСКА СО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека веќе ги контактираше архитектите и се очекува и заедничка средба која ќе се одржи во текот на следниве денови. На оваа средба на која ќе присуствува и министерот за здравство, д-р Венко Филипче би се сослушале сите аргументи, предлози и мислења на стручната фела во врска со изградбата […]

АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ МЕДИЦИНСКИ ОТПАД ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЗАВИСНИЦИ КИСЕЛА ВОДА

Во насока на унапредување на условите во Центарот за зависници во Кисела Вода, денеска е спроведена акција за расчистување на медицинскиот отпад околу центарот, организирана од општина Кисела Вода, невладината организација ХОПС – опција за здрав живот, со поддршка од Министерството за здравство. Во акцијата беа вклучени 30 сезонски работници, како и членови од невладината […]

РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп. На средбата стана збор за можностите за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, како и подобра соработка во повеќе сегменти на здравствениот систем.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БОЛНИЦИТЕ ВО КИЧЕВО И СТРУГА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во работна посета на болниците во Кичево и во Струга, при што оствари и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. – Повод за посетата е лично да се запознаам со условите за работа во Општата болница во Струга, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ВО ПОСЕТА НА КБ БИТОЛА

Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски ја посети Клиничката болница во Битола со цел увид во активностите околу монтирање на акцелераторот. Согласно информациите од изведувачите, се работи со одредена динамика по што сите пациенти од овој регион веќе нема да треба да патуваат во Скопје за добивање на оваа услуга. Заменик министерот одржа состанок […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА АЛБАНИЈА ВО РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со амбасадорот на Албанија во РМ, Фатос Река, на која беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.

ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА РАНА ДИЈАГНОЗА НА ДЕФОРМИТЕТИ НА ′РБЕТ КАЈ ДЕЦА

Министерството за здравство, во соработка со Институтот за физикална медицина и рехабилитација и општините Карпош и Центар почнаа со реализација заеднички проект за промоција на превентивна физичка активност кај деца со лошо држење на ‘рбет. Во рамки на проектот се предвидени прегледи на ′рбет кај децата од доктор физијатар и доколку се констатира деформитет на […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО УНФПА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ НА РМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска оствари работна средба со претставници од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на РМ. На средбата, меѓу другото стана збор за унапредување на статусот на овие здравствени работници, како и можностите за реализација на конкретни чекори и активности за подобри услови за работа како за нив, така […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЈА УНАПРЕДУВААТ СОРАБОТКАТА

– Унапредување на соработката меѓу Министерството за здравство и Лекарската комора на Македонија, носењето на новиот Закон за здравствена заштита, Законот за докторска дејност, платите и дежурствата на докторите и целокупниот медицински персонал и иницирање кампања за подигнување на достоинството на здравствените работници. Ова се дел од темите на работниот состанок на министерот за здравство […]