Соопштенија

ДЕНЕСКА РЕГИСТРИРАНИ 126 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 6.334,ОЗДРАВЕНИ 48 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3. Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3. Починати се 4 лица, по […]

ЗА 3 ГОДИНИ РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕКОНСТРУКЦИИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПОВЕЌЕ ОД 30 ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Во изминатите 3 години Министерството за здравство интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Реализирани се капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата. Со планот беа опфатени: Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, […]

ОБЕЗБЕДЕНИ 31 ЕДИНИЦА КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување крв. -Во оваа установа е изготвен и протокол за дарување плазма. Сакам да изразам искрена благодарност кон хуманите дарители кои секојдневно се […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНИ АМБУЛАНТСКИОТ ДЕЛ, УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР И ЧЕКАЛНАТА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Во Универзитетската клиника за детски болести изминатиот период комплетно се реновирани амбулантскиот дел, Ургентниот центар и чекалната за пациентите, со цел унапредување на условите за третман на пациентите, како и условите за работа на персоналот на оваа клиника. Амбуланскиот дел е целосно обновен со нова опрема, извршени се бројни градежни зафати, поставени нови прозорци, нова […]

ФИЛИПЧЕ: ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ-ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА ДАДАТ ПРИМЕР КАКО СЕ ШТИТИ ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

На вчерашната прес конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче упати апел до сите граѓани, но и до политичките партии за целосно и безусловно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот. Тој потенцираше дека епидемијата е се уште во полн ек, а состојбата во регионот укажува на тоа дека практично во […]

ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ И ПАНДЕМИЈАТА ОД КОРОНАВИРУСОТ-ГЛОБАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ“, ВЕЧЕРВА (23.06) ВО 19 ЧАСОТ

Вечерва во 19:00 часот, вклучете се во дискусијата ,,Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот – глобални предизвици”. Сите заедници подеднакво се соочуваат со огромниот предизвик на прилагодување на ваквите физички, социјални, и економски промени, како и на промените во начинот на живот. Дополнителен предизвик претставува и справувањето со стравот од заболување од КОВИД-19 и неговите […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 90 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 5196, ОЗДРАВЕНИ СЕ 48 ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ СЕ 9 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1. […]

ШИРОКИОТ ПРИСТАП НА ТЕСТИРАЊЕ МОЖЕБИ НЕ НОСИ ПОЕНИ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, НО Е ВО ИНТЕРЕС НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 потенцираше дека со широкиот пристап на тестирање на сите контакти од висок ризик за кратко време се идентификувани огромен број на асимтоматски носители на вирусот. „На почетокот на овој бран се соочивме со една ситуација, кластери од семејни настани […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 193 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 4482, ОЗДРАВЕНИ СЕ 46 ПАЦИЕНТИ-ПОЧИНАТИ СЕ 9 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-140, Куманово-2, Дебар-1, Штип-6, Тетово-19, Струга-5, Велес-2, Охрид-11, Гостивар-4, Свети Николе-1, Ресен-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од: Скопје- 35, Куманово-1, Штип-6, Тетово-1, Струга-1, Гостивар-1, Валандово-1. Починати се 9 […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 103 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 4157, ОЗДРАВЕНИ СЕ 13 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ СЕ 5 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-17, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-1, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-6. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти од: Скопје-10, Прилеп-2 и Тетово -1. Починати се 5 […]