Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Е АКРЕДИТИРАНА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА, ЗА 15% Е ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТОТ СО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ ВО УСТАНОВАТА

Клиничката болница во Тетово е акредитирана од Агенцијата за акредитација. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче при денешната посета во оваа јавно-здравствена установа истакна дека како регионален медицински центар, во изминативе две години реализирани се значајни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите. „Извршено е реновирање на инфективното одделение, како и реконструкција […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЛЕКОТ СПИНРАЗА ОД ВЧЕРА Е ДОСТАПЕН ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО СПИНАЛНА МУСКУЛНА АТРОФИЈА

Лекот Спинраза од вчера е достапен за пациентите со спинална мускулна атрофија. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово на прес-конференција информираше дека во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја е даден овој лек.   „Во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја беше даден лекот Спинраза. Станува збор […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЛАТИТЕ ОВОЗМОЖУВАМЕ ДОСТОИНСТВЕНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Министерството за здравство во правилна политика води вистинска грижа за здравствените работници. Од февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. „Со зголемувањето на платите овозможуваме достоинствени услови за работа на здравствените работници. Тие да работат достоинствено дома, во јавните здравствени установи и да не […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА РЕКОРДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СОРАБОТНИЦИ

„Постигнавме историски договор за досега рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари 2020 год. Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри […]

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ПОЧНУВА НА 22 НОЕМВРИ, КОГА Е ОПТИМАЛНО ВРЕМЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ПИКОТ НА АКТИВНОСТА НА ВИРУСОТ НА ГРИП СЕ ОЧЕКУВА ВО ФЕВРУАРИ

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година. За претстојната сезона 2019-2020 година, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална […]

НАБАВЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Универзитетската клиника за дерматологија набави нова медицинска опрема во вкупна вредност од речиси половина милион денари, која ќе обезбеди највисок стандард на дијагностика за пациентите кои се лекуваат на оваа клиника. Од денеска, на клиниката во функција се: нов апарат за пресотерапија и лимфна дренажа за лекување хронична венска инсуфициенција, примарни и секундарни лимфедеми на […]

ЕДНА ГОДИНА НАШИ ИСКУСТВА СО НАЈНОВАТА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференција, во организација на Универзитетската клиника за неврологија и Здружението на невролози, по повод споделување досегашни искуства од најновата иновативна терапија за мултипла склероза достапна во земјата.  Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство посветено работи […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЗА ФАКТОР: ГРАДЕЖНИТЕ ГИГАНТИ ФРАНЦУСКА BOUYGUES И ГЕРМАНСКИ VAMED ВО ТРКА ЗА ИЗГРАДБА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во интервју за медиумот Фактор изјави дека градежните гиганти кои влегоа во втората фаза од процесот за избор на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје се две компании германската Vamed и француската Bouygues construction. „Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ФОРМИРАН Е ЦЕНТАР ЗА ДОЈКА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА

Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф во Клиничката болница во Битола е формиран Центар за дојка. „Со инсталирањето на новиот дигитален мамограф, во Клиничката болница во Битола веќе е формиран Центар за дојка. Тоа значи дека секоја жена на едно место може да направи мамографија, ехо преглед и магнетна резонанца. Превенираме болести на дојка. Ракот […]

ОБЕЗБЕДИВМЕ НАД 30 МОЛЕКУЛИ СКАПА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА, СИТЕ ЖЕНИ СО РАК НА ДОЈКА ИМААТ ТЕРАПИЈА-ВОВЕДЕНА НОВИНА ЗА ДВОЈНО ЧИТАЊЕ МАМОГРАФСКИ СЛИКИ

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка. Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им […]