Д-р Катерина Ставриќ

Секое дете заслужува врвна здравствена заштита

Универзитетската клиника за детски болести претставува врвна терциерна установа, која обезбедува мултидисциплинарна и интегрирана здравствена грижа за децата.
Моја примарна цел е да ја продолжам мисијата на нашата клиника за обезбедување здрава иднина на децата и нивните семејства преку обезбедување висококвалитетна педијатриска нега, континуирана едукација на педијатриски кадар и истражување во областа на педијатрија.
Секое дете заслужува врвна здравствена заштита, ориентирана кон пациентот и неговото семејство.
Моите активности ќе ги насочам кон:
• континуирано подобрување на квалитетот на здравствената грижа
• создавање и задржување на висококвалитетен кадар преку постојано нивно стручно усовршување
• континуирано подобрување на ефикасноста на услугите и на болничките услови за лекување на дечињата

Share This Article :