Д-Р МИЛОШЕВ: ЕДИНСТВЕНИОТ ЛАБОРАТОРИСКИ ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ ВО ПРИЛОГ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ПАЦИЕНТИТЕ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев одржа работна средба со претставници од Здружението на медицински биохемичари на Македонија, на која беше разговарано за новиот концепт на реорганизација на биохемиските лаборатории, согласно современите позитивни искуства од балканските и европските држави каде веќе се применува овој концепт. 

-Спроведените анализи за функционирањето на лабораториите низ државата покажаа енормно големи трошоци во буџетите на сите јавни здравствени установи за набавка на реагенси и вршење биохемиски анализи, во вкупен износ од над 40 милиони евра, користење различна апаратура, како и неунифицираност на резултатите. Затоа, Министерството за здравство планира нов концепт на единствен лабораториски информатички систем на ниво на цела држава, со кој ќе се направат поголеми заштеди во буџетите, како и унифицираност на резултатите, посочи д-р Милошев.

Со новиот концепт се очекуваат заштеди во системот од 10 до 12 проценти, односно од пет до седум милиони евра, а овие средства ќе се искористат за реинвестирање во здравствениот систем. Во однос на кадарот, д-р Милошев информираше дека постојниот кадар од лабораториите комплетно ќе биде вклучен во новиот систем на работа, а се планира и дополнително зајакнување на кадарот во биохемиските лаборатории на ниво на цела држава.

Share This Article :

Related Posts