МИЛОШЕВ: ПЕДИЈАТРИСКИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ СЕ ВАЖЕН СЕГМЕНТ ВО ТРЕТМАНОТ И ЛЕКУВАЊЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство е посебно фокусирано на унапредување на статусот на целокупниот здравствен персонал и за таа цел се обезбедени средства и овозможено е зголемување на платите на здравствените работници од пет отсто оваа година. 

Веќе од следната година ќе бидат зголемени дневниците за дежурства на докторите и медицинските сестри на клиниките и во болниците. Ова денеска го истакна државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев во обраќањето на стручната средба на педијатриската секција на медицински сестри при Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) на тема „Здрави и згрижени деца- наша мисија секаде, и секогаш’’.

Посочи дека педијатриските медицински сестри се исклучително важен сегмент во третманот и лекувањето на најмладите пациенти.

– И во иднина ќе продолжи успешната соработка на Министерството за здравство со Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки и заедно ќе продолжиме да дејствуваме за унапредување на условите за работа, како и на третманот на најмладите пациенти.

Share This Article :

Related Posts