ДЕЛЕГАЦИЈА НА ВЛАДАТА НА РСМ ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, од министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и државниот секретар во Министерството за образование Енвер Хусеин, положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со овој настан, во кој беше вклучен и молебен за Светите браќа Кирил и Методиј, што го извршија свештеници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со кој чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, отпочнаа серијата настани со кои деновиве во државата и во странство се одбележува 70 годишнината од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Денот на просветните работници, како и државниот празник 24 мај – „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

Програмата денеска продолжува со свечената академија што во Националната филхармонија ќе се одржи по повод 70 годишнината од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на која ќе се обратат претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев и ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

Share This Article :

Related Posts